19.05.2022 Скопје
Членови на одборот на директори на „Македонија 2025“ остварија средба со Претседателот на РСМ Стево Пендаровски, на која разговараа за заклучоците и првичните реакции од 11-то издание на самитот #mk2025summit.
На средбата претседателот Пендаровски му врачи македонско државјанство на Мајк Зафировски, ко-основач на „Македонија 2025“ и изрази благодарност за ангажманот и придонесот на организацијата кон македонската економија, поттикнувајќи нови генерации на бизнис лидери, неопходни за развојот и иднината на нашата земја.
(сликите се превземени од страната на Претседател на РСМ)