Организацијата Македонија 2025 е посветена на создавање на просперитетна економска клима во Република Македонија која ќе ги подобри можностите за граѓаните, домашните компании и странските инвеститори. Промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството.
Заради остварување на нашата мисија потребени ни се лица кои се високо мотивирани, амбициозни и талентирани, со силни аналитички способности.
Во моментот, слободна е следната работна позиција: Соработник за административни и организациски работи
Опис на работни задачи:
- Водење на материјално и финансиско книговодство;
- Изготвување на излезни фактури, евиденција на влезни фактури и секојдневна координација и блиска соработка со сметководство;
- Евидентирање на документите/ влезни и излезни фактури /и нивно архивирање;
- Внес на сите плаќања и уплати во Quickbooks;
- Архивирање и уредно водење на физичка и електронска архива (влезна и излезна документација);
- Работни задачи во областа на човечки ресурси (одјава-пријава, договори, водење евиденција за вработените и ажурирање на истата);
- Улество во подготовка, следење на извршување на Буџетот:
- Изготвување на месечни извештаи и преглед на трошоци во тековниот за наредниот месец;
- Водење и евиденција на благајна;
- Изготвување на консолидирана завршна сметка, како и помош на книговодство при изготвување на завршната сметка во МК;
- Асистирање во припрема на различна документација;
- Административна подршка во работењето (анализи, подготвување и доставување на известувања, дописи, барања и сл.);
- Комуникација и соработка со добавувачите на ИТ услуги;
- Прием и проследување на повици;
- Нарачки за потребите на фирмата;
- Учество во подготовка и спроведување на проекти на организацијата;
- Изготвување на финансиски извештаи за сите проекти, како и договори за надворешни лица кои се ангажираат за спроведување на истите;
- Останати задачи по налог на претпоставениот.
Услови за работа:
Позицијата е со работно време од 40 часа неделно во Скопје. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 6 месеци пробна работа (која ќе вклучува и обука), со можност за продолжување на договорот и редовно вработување на неопределено време. Месечниот надоместок ќе биде определен во зависност од искуството и квалификациите на избраниот/ата кандидат/ка.
Работата на раководителот ќе се оценува најмалку еднаш годишно од страна на главниот извршен директор и претседателот на Одборот на директори на Македонија2025. Работата се оценува врз основа на однапред утврдени таргети.
Потребнo образование и работно искуство:
- Релевантно работно искуство од најмалку 2 години;
- Работно искуство во полето на книговодствено/ финансово работење;
- Познавање на административно-финансиски работи и материјално книговодствените принципи во пракса;
- Познавање и пратење на актуелните прописи, законски измени од работни односи;
- Познавање на работа на компјутер (МS office апликациите, а посебно Word и Excel);
За работното место се потребни следните квалитети, вештини и способности:
- Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан Англиски јазик;
- Напредно познавање на алатките на Microsoft Office (посебно Word и Excel) и Google;
- Аналитичност, прецизност и деталност во работењето;
- Способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено;
- Креативност и само-иницијатива, желба за постојано учење и надградување на знаењето;
- Екстровертност;
- Навременост и строго почитување рокови;
- Подготвеност за индивидуална и тимска работа;
- Способност за непречена комуникација со партнери;
- Можност да патува во рамките на државатa и надвор за потребите на организацијата;
- Познавање и верување во мисијата на Македонија2025.
Рок и начин на пријавување:
Документите кои ги докажуваат горните барања да се достават по електронски пат на office@macedonia2025.com. Документите треба да содржат (најмалку):
- Професионална биографија (CV);
- Мотивациско писмо на англиски јазик (најмногу една страна);
- Референци од претходни работодавачи/проектни координатори.
Првичната селекција ќе се спроведе врз основа на доставените апликации. Само избраните кандидати во втор круг ќе бидат повикани на интервју.
Работно време: Од 08:00/09:00 до 16:00/17:00 часот, од понеделник до петок.
Рокот за доставување на апликаците е 7 дена од денот на објавувањето на конкурсот (31/03/2022).