Фондацијата МК2025 преку Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре им додели 10 стипендии на талентирани млади за тековната 2022/2023 година.
Согласно распишаниот Отворен повик за доделување на стипендија во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ за тековната 2022/2023 година, на кој пристигнаа над 90 апликации, административната проверка и спроведените интервјуа од страна на Комисијата за избор на стипендисти одлучено е да се доделат стипендии на следниве кандидати:
- Мелани Иванова, ученичка во 2-ра година, Штип
- Деспина Миланова, ученичка во 3-та година, Велес
- Тијана Манасова, ученичка во 2-ра година, Свети Никола
- Леон Али, ученик во 3-та година, Скопје
- Урфета Тополец, ученичка во 1-ва година, Скопје
- Тамара Стојановска, ученичка во 2-ра година, Охрид
- Мартин Димитровски, ученик во 1-ва година, Радовиш (учи во Скопје)
- Вања Василевска, ученичка во 1-ва година, Скопје
- Емељ Чико, ученичка 2-ра година, Скопје
- Ива Костовска, ученичка 2-ра година, Тетово (учи во Скопје)
Секоја година, Фондацијата МК2025, заедно со своите партнери, доделува стипендии на 10 средношколци во вкупен годишен износ од 60.000 МКД. Oвие стипендии им овозможуваат на десетте средношколци континуиран развој на талентот и вештините преку дополнителни обуки и учество на меѓународни натпревари. Покрај тоа, нашата организација им нуди на стипендистите можност за менторирање и пракса во истакнати компании.
Стипендиите се обезбедени преку поддршка на две тела во рамките на организацијата: Клубот на амбасадори и Советодавниот одбор, како и преку донации и соработка со корпоративните и индивидуалните партнери на организацијата Фондацијата МК 2025.
Им честитаме и им пожелуваме многу успех!