Донирај
X

Идни Настани

Дружете Не

Се навраќаме на ЛИДЕР Проектот и впечатоците на учесниците од Македонија

By четврток, der 18. јуни 2015Announcements

Овој март Македонија2025 организираше десетдневен, интензивен курст за деловно образование со наслов ЛИДЕР проект, кој за прв пат беше организиран во 1991 од страна на магистранти од Школото за Бизнис Ричард Ајви од Канада. Кај нас оваа програма се одржува по осми пат и ни претставува особено задоволство што таа влијае стимулативно на учесниците.

Образовната програма резултираше со пренесување на водачки вештини во деловната сфера, на 38 учесници од кои повеќето беа млади професионалци и претприемачи. Сакаме со читателите да ги споделиме начините на кои програмата поттикнала напредок и напредно размислување кај учесниците од Македонија. По финалните презентации на бизнис плановите на секој од учесниците, запрашавме неколкумина од нив да ни ги кажат нивните впечатоци за искуството.

Илија Трајковски е менаџер за човекови ресурси во ланецот пекари Специјал. Компанијата е на пазарот повеќе од 24 години и вработува 200 луѓе. Илија изјави: „Со овој приод во пренесувањето на вештини и со тенденцијата со која Македонија2025 го организираше настанот, верувам дека Македонија може да постигне значајни остварувања до годината 2025. Сакам да ви се заблагодарам за вашата помош во организирањето на ова фантастично искуство и сакам да им заблагодарам на инструкторите што дојдоа од Канада да ни покажат нови приоди во начинот на на водење бизнис“.

Дејан Димитровски е Менаџер за развој на технологија во Некстсенс- водечка македонска ИТ компанија која се фокусира на развивање решенија што им помагаат на компаниите да го подобрат нивниот деловен учинок. По презентацијата Дејан кажа: „Запознав добри претприемачи и стекнав нови пријателство за време на ЛИДЕР проект. Инструкторите навистина посветија внимание и грижа да ни го пренесат најдоброто од нивното знаење и искуство. Сега се чувствувам вистински спремен за моите следни чекори“.

Елена Ѓоревска е млад претприемач. Таа е поранешен сопственик на хотелот Идила. Подоцна таа се здружува со деловен партнер за да го основаат домот за грижа на стари лица Идила Терзиева, кој е еден од најрепрезентативните во Македонија. Елена кажа дека сега навистина го разбира значењето на изразот „Мисли надвор од шаблонот“.  Освен тоа што запозна нови и интересни луѓе, претприемачи како неа, таа исто така научи нови насоки во поглед на анализирање на бројките- „нешто што го користам во секојдневните обврски на работа и што сега ќе ми помогне да ги ставам нештата во перспектива“. Елена организираше посета на домот Идила Терзиева од страна на инструкторите, со цел заедно да анализираат што може да се подобри или да се воведе како новитет во домот.

Милоран Миленковски е Менаџер за извоз во македонската компанија за здрава храна Виталија. Неговаата компанија е приказна за успехот- Виталиа започна со мали чекори за постепено да се претвори во бренд што продава широка палета на производи на речиси секој континент. Милорад кажа дека му претставува чест што бил дел од тимот на водачи во бизнисот и тоа што можел да ја искуси одличната енергија во текот на програмата. Тој им се заблагодари на инструкторите за нивната посветеност и на Македонија2025 за тоа што им го доведе поблиску до учесниците северноамериканскиот приод во водењето бизнис.

Лидија Пецов е Извршен директор и уредник на порталот EntreHub Europe. Иако таа е искусен професионалец, сепак смета дека стекнала важни увиди за време на ЛИДЕР проектот, за кој вели дека ќе им помогне да напредне во кариерата. Лидија кажа дека е почестена од можноста да го слуша предавањето на Мајк Зафировски на тема водаштво и градење корпоративна стратегија. „ЛИДЕР проектот беше неверојатно искуство кое  ми помогна да имам поголема самодоверба и да бидам повеќе посветена во моите обиди да помогнам на младите во Македонија. Мојата цел е да најдам иновативен начин на насочување на младите кон попозитивен и перспективен менталитет“.

Љупчо Ефремов е Доктор на науки по Психологија и работи како Постар консултант за истражување во аналитичката куќа GfK во Скопје. Тој исто така предава Истражување на пазарот во Универзитет Американ Колеџ во Скопје и Школата за новинарство и јавни односи. Љупчо кажа дека штом ја прочитал објавата на Фејсбук поврзана за ЛИДЕР проектот, веднаш го привлекла содржината и според тоа знаел дека ќе му помогне во кариерата.  Тој бил подолго време во потрага по обука што ќе му ги прошири видиците и претприемничките вештини. „Тоа се случи на многу нивоа“, рече Љупчо и додаде: „Програмите од овој вид, како што е ЛИДЕР проектот, се навистина ретки во Македонија. Навистина сум задоволен што ми се укажа таа можност да ја искусам атмосферата на канадска МБА училница, токму овде во Скопје“.

Македонија2025 сака да им се заблагодари на канадските партнери од Амбасадата на Канада, особено на Амбасадорот Филип Пинингтон и на Школото за Бизнис Ричард Ајви, што ни овозможија да бидеме една од локациите низ светот каде што се одржува ЛИДЕР проектот.

Посебна благодарност сакаме да им искажеме на луѓето што ја поддржуваат Македонија2025 и нашите Корпоративни партнери кои го даваат својот придонес во развојот на Македонија така што ги поддржуваат образовните иницијативи на организацијата.

Go back