На 21 Јули во Скопје, Македонија2025 организираше Форум за бизнисмени и инвеститори од дијаспората. Настанот кој се одржа во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи привлече повеќе од 130 учесници. Од присутните, поголемиот дел беа луѓе кои се вратиле од дијаспората за да започнат свој бизнис, да продолжат веќе постоечка соработка со странска компанија или за да ги истражуваат можностите за инвестирање. Пред публиката се обратија претприемачи од дијаспората кои веќе инвестирале во ИТ и БПО секторот, во туризам, градежништво, производство, текстил и во филмската индустрија. Високи претставници на Владата на Република Македонија ги претставија нивните активности во привлекување инвеститори од дијаспората, грижа и сервисирање на нивните потреби и олеснување на бариерите со кои се соочуваат луѓето кои се вратиле.
Министерот за Надворешни работи Никола Попоски им посака добредојде на инвеститорите и нагласи колку е голем потенцијалот во македонската дијаспора кој останува неискористен. Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф објасни дека неговите обиди за промовирање на земјата се исто така фокусирани на дијаспората, каде што целната група се состои од луѓе кои се заинтересирани да започнат микро, мали и средни претпријатија со предзнак „паметни и иновативни“ и кои додаваат вредност на производите и услугите. Тој цитираше примери за компании кои веќе се добро основани во Македонија, а потекнуваат од дијаспората, вклучувајќи ги инвестициите на членовите на Одборот на Македонија2025 Крис Павловски и Вера Ставроф.
Успешниот бизнисмен Хасан Мазлум кој потекнува од дебарскиот регион а е вратен во Македонија од Италија, ги повика владините економски промотери кои се активни во земјите низ светот, да ја ангажираат дијаспората и да ги промовираат можностите за инвестирање во руралните средини. „Таму“, изјави Мазлум, „големите компании нема да инвестираат никогаш. Од друга страна, луѓето во дијаспората се емотивно приврзани за местата од каде потекнуваат. За нив значи многу кога се во можност да вработат луѓе или да ја активираат локалната економија. Македонија сега има потреба од поголем број стручни училишта, за да можат странските инвестиции да работат и да опстојат. Сметам дека е нереално секој овде да може да работи како менаџер“.
Митко Бојковски е повратник од Австралија кој инвестирал во компанија што произведува индустриски и меки штофови. Тој ги повика релевантните институции да ја подобрат инфраструктурата во малите градови, каде што, кажа тој, има деловни луѓе кои веќе самостојно привлекуваат членови од дијаспората, како и странци, кои се интересираат да инвестираат во Македонија. Главната грижа на оние кои нвестирале во малите градови и руралните средини е патната инфраструктура и постојаноста на доставата на електрична енергија. Претприемачите кои инвестирале во опрема за процесирање и производство или кои се интересираат за да инвестираат во таа сфера, побараа да се воведе стратегија во образованието која е фокусирана на технички вештини. Тие беа согласни дека создавање на добар сегмент на работна сила ќе придонесе Македонија да остане и понатаму компетитивна во секторите на технолошко производство и процесирање.
Еден од инвеститорите и говорници на форумот кој не потекнува од Македонија беше Евалд Коениг. Евалд е сопственик на туристичката компанија Mac Sun Travel која организира тури низ целиот балканот, а седиштето се наоѓа во Скопје. Евалд и неговата компанија се одговорни за зголемувањето на бројот на туристи во Македонија од 500, пред седум години, на 15000 минатата година, во главно од Австрија, Германија и Скандинавија. Господинот Коениг даде предлози како Македонија може да биде подобра дестинација. Тој нагласи дека е потребна Национална агенција за туризам која работи добро и која успешно и прописно ќе ги администрира субвенциите онаму каде што следуваат.
Џорџ Стамкоски е филмски продуцент од Лондон која има повеќе од дваесетгодишно искуство во изработка на документарни филмови и репортажи. Џорџ ја претстави неговата визија за развој на филмски регион во Македонија и нагласи како може тоа да биде помогнато од релевантните институции. Останатите инвеститори кои успеале во проширување на нивната инвесција сеа Крис Поповски, основачот на модна линија за специјално кроени костими Signori; Петар Спасески кој ја продолжи својата работа за австралиската компанија Hatch во Охрид, како глобален менаџер во IT Asset Manager тимот; и Владимир Робевски кој е основач и менаџер на iSource која работи од Битола. Сите овие претприемачи продолжуваат да инвестираат во нивните компании, да создаваат можности за проширување и да вложуваат време и пари во обука на нови кадри. Овие и останатите инвеститори произведуваат Македонски производи и го промовираат имиџот на земјата низ целиот свет.
Македонија2025 го претстави истражувањето спроведено со инвеститори од дијаспората, кое открива детали околу нивните инвестиции и отвара прашања поврзани со пазарните предности, квалитетот на институционалната поддршка и целокупната клима за водење бизнис. 88% од испитаните инвеститори имаат високо образование или постдипломски студии, најголем дел од нив доаѓаат од Европа и нивен таргет пазар е повторно Европскиот. 90% претставуваат мали и средни фирми до 50 вработени.
Во анкетата, се дефинирани неколку области во кои испитаниците би инвестирале, од кои со преовладуваат следните сектори: ИТ и аутсорсинг, туризам, земјоделие и висока технологија. Пазарот на труд има потреба од натамошен развој и инвестиција во образованието, а постојната работна сила е сепак способна брзо да ги научи потребите на работните места. Административните услуги зависат од компетентноста на поединци и државата треба да воведе тренинг програми за нивно обучување според стандардите и потребите на инвеститорите. Дополнително Македонија2025 апелираше дека промоцијата на Македонија како земја со ефтина работна сила земјата е некоректно. Инвеститорите бараат квалификувана и образована работна сила и земјата треба да се профилира како дестинација со стручен кадар, а не најефтин кадар.
Извршниот Директор на Македонија2025, Билјана Марковиќ Стаменова, потенцираше дека потребно е да се воведе стратегија на највисоко институционално ниво за евидентирање, привлекување и сервисирање на инвеститорите од дијаспората. „Без ваква стратегија државата губи голем потенцијал да ги зголеми инвестциите кои би дошле од иселениците. Стратегијата треба да ги опфати и малите и средни претпријатија од дијаспората кои можат да придонесат со трансфер на знаење, пристап до нови пазари како и производство на иновативни производи со потекло од Македонија.“
Македонија2025 имаше состаноци со неколку потенцијални инвеститори од дијаспората кои се заинтересирани да инвестираат кај нас. Тие сеуште не се добро упатени за институционалната поддршка од страна на владата и понекогаш се губат во процесот, особено кога треба да се комуницира со локалните општини. Форумот овозможи добра рецензија за начините на кои инвеститорите можат да добијат помош од владата. Форумот исто така овозможи отворен форум за објективна и интензивна дискусија на суштински прашања на чии одговори ќе се надградуваме следната година. Македонија2025 ги поканува сите сегашни и потенцијални инвеститори да достават листа со препораки за водење бизнис во Македонија. Нашата организација ќе воспостави соработка со релевантните институции на кои ќе им го претстави и образложи „белиот документ“ со препораки. За повеќе информации ве покануваме да стапите во контакт со Маја Сталеска на адресата maja.s@macedonia2025.com или на 3 218 631.