Донирај
X

Идни Настани

(EN) Toronto Executive Study Tour

јуни 10, 2019 8:00 am

Дружете Не

Започна дванаесетото издание на ЛИДЕР Проект: Врвна програма за бизнис и претприемништво

By четврток, der 16. мај 2019Announcements

Денеска започна дванаесетото издание на ЛИДЕР проект, во организација на Македонија 2025, кој ќе трае десет работни денови. Врвни инструктори од познатата бизнис-школа Ричард Ајви при Универзитетот од Канада, ќе го пренесат своето богато меѓународно искуство и лидерски вештини на околу 40 тековни и просперитетни претприемачи од земјава.

Обуката е градена според МБА програмата на школата Ричард Ајви и вклучува пренесување на широк распон на знаења како подготовка и оценување на изводливост на бизнис план, развивање стратегии, брендирање на производ, маркетинг, финансирање, управување со човечки ресурси итн. Истатa се изведува практично, преку интерактивна анализа на уникатни студии на случај и развој на сопствени бизнис планови, со можност за дополнително индивидуално менторство.

„Интересот од година во година е сè поголем од страна на претприемачите кои сакаат да се стекнат со нови знаења, кои подоцна ќе ги имплементираат во своите постоечки или новоосновани бизниси. Со над 400 алумни и со проширување на соработката со други организации од регионот, ЛИДЕР проектот постана една од највлијателните обуки за бизнис вештини во земјата.“ – објаснува проф. д-р. Никица Мојсоска Блажевски, Главен извршен директор на Македонија 2025, која денеска официјално ја отвори програмата.

Главната цел на ЛИДЕР проектот е да им помогне на талентираните македонски претприемачи да ги претворат своите идеи во успешни бизниси, а со тоа да придонесе и за зголемен развој на економијата воопшто.

ЛИДЕР проектот е овозможен благодарение на соработката помеѓу Македонија2025, канадската бизнис-школа Ричард Ајви и Амбасадата на Канада во Србија, Северна Македонија и Црна Гора.

Go back