САМИТ МАКЕДОНИЈА2025
MACEDONIA2025 SUMMIT
13-15 ноември
хотел Мериот – Скопје 

Динамична платформа за споделување знаења, поврзување на бизнисите
и инспирирање иновации и промени во Југоисточна Европа

Осмото издание на Самитот Македонија2025 ќе се одржи од 13-ти до 15-ти ноември во хотел Мериот – Скопје. Самитот претставува водечка регионална платформа за споделување знаења, поврзување на бизнисите и инспирирање иновации и промени во Југоисточна Европа.  Оваа година, очекуваме над 50 истакнати говорници и разновидна публика составена од 400+ менаџери, директори, претприемачи, членови на академијата, успешни млади професионалци, високи функционери и дипломати.

 

За кого е наменет Самитот?

Учество на Самитот се препорачува за основачи и менаџери на микро, мали и средни компании, големи корпорации, стартапи, носители на економски политики, претставници на невладини организации, академски и истражувачки институции, меѓународни организации, институции и проекти, државни институции, дипломатски претставништва, како и за сите индивидуи кои се заинтересирани за стекнување вредни знаења и остварување нови деловни партнерства кои значително ќе им помогнат во работењето на бизнисот.

 

Главни теми на Самитот

Самитот ќе понуди богата тридневна програма, исполнета со 10+ панел-дискусии и засебни тематски сесии. Главниот фокус ќе биде ставен на темите: иновации и нивното влијание врз намалување на загадувањето на животната средина / воздухот, како и иднината на работните места и вештините. Некои од останатите теми ќе бидат поврзани со глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање на малите и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски платформски компании и други интересни дебати.

 

Вмрежување и градење на партнерства (Б2Б состаноци)

Покрај панел-дискусиите, овогодинешниот Самит ќе им понуди на домашните компании и учесниците одлична можност за поврзување со странските компании, со потенцијални инвеститори, како и со наши истакнати членови на дијаспората, преку новововедената онлајн платформа за Б2Б средби. Меѓу другото, ќе се организираат и специјални работилници/ сесии ориентирани кон градење стратегии за компаниите. Коктелите за вмрежување во рамки Самитот ќе понудат одлична можност за поврзување на сите присутни.

 

Придобивки од учество на Самитот

  • Интензивни тридневни панел-дискусии каде ќе се дискутираат најрелевантните теми од областа на бизнисот и економијата;
  • Пристап до посебни работни сесии и работилници за усовршување на вештините и за иновации во бизнис секторот;
  • Бројни можности за остварување контакти со повеќе од 400 учесници на Самитот;
  • Можност да остварите лична средба со секој учесник на Самитот преку нашата Б2Б платформа;
  • Споделување на знаења од врвни експерти ширум светот;
  • Градење нови деловни релации и долгорочни партнерства.

 

Пријавете се!

Котизацијата за Самитот во редовната регистрација изнесува 150 €/ 9225 mkd за микро, мали компании, невладини организации и индивидуи, односно 250 €/ 15375 mkd за претставници на големи компании. За купување на повеќе билети, следува попуст.

Редовната регистрација истекува на 1-ви ноември 2019.

Пријавете се овде: https://mk2025summit.com/buy-ticket/

 

Повеќе информации на официјалната веб-страна: https://mk2025summit.com

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment