Донирај
X

Идни Настани

Дружете Не

Известување во однос на повикот за апликации за Фондот за поддршка на талентирани студенти

By петок, der 12. април 2019Announcements

Почитувани,

Ви благодариме на големиот интерес и апликации за стипендии од Македонија2025, во рамки на Фондот за поддршка на талентирани студенти за 2019 година.

Ве известуваме дека заради внимателна селекција и проверка на обемната документација доставена од кандидатите, за резултатите од првичната селекција ќе бидете известени подоцна од првично поставениот рок, односно во периодот 16-19 април, 2019 година. Секој од кандидатите ќе биде посебно информиран за исходот на нејзината/неговата апликација.

После првичната селекција, кандидатите кои ќе освојат најмногу бодови врз основа на поставените критериуми ќе бидат повикани на интервју, со комисија составена од претставници на Македонија2025 и истакнати професионалци од земјата.

Конечните резултати ќе бидат објавени после интервјуата, најдоцна до 25 април, 2019 година.

Уште еднаш Ви се заблагодаруваме на интересот и веруваме дека стипендиите ќе ги добијат најдобрите млади лица и оние на кои поддршката им е најпотребна.

 

Со почит,

Проф. д-р. Никица Мојсоска Блажевски
Главен извршен директор
Македонија2025

Go back