Во претходната објава посветена на минатиот Самит на Македонија2025 што се одржа во Охрид во 2013, најавивме дека ќе ги објавиме Петте точки за успешно лидерство што поранешниот одговорен манџер на Унилевер за човекови ресурси и развој на лидерство, Сенди Ог, ги сподели со гостите на Гала вечерата. Со задоволство ќе ги споделиме тие точки со вас, со надеж дека ќе ви дадат добар повод за рефлексија на сопствените лидерски особини и за нештата што можат да ве доближат поблиску до успехот.
Меѓу другото, во ова известување ќе направиме статистички преглед и графички приказ на секторите што беа застапени за време на Самитот во Охрид и ќе разгледаме какво беше медиумското покривање на настанот.
Петте точки за успешно лидерство на Сенди Ог:
Едно од нештата што ги научив што се поврзани со лидерството е тоа кога минатото и иднината ќе се судрат, и кога стратегијата и културата ќе се судрат, минатото или културата секогаш победуваат; лидерите се тие што прават стратегијата и културата да се спојат во едно. Македонија има одлична култура, но кога ќе се наслони на таа култура, секогаш ќе постои инерција што ќе се испречува на патот на достигнувањата. Вие треба да соберете храброст да откриете кои работи сте спремни да ги промените, а кои работи не сте спремни да ги промените со цел да победите. Донесувањето на оваа одлука претставува лидерство. За да можете да го остварите ова треба да бидете одлучни и да имате силна волја; кон таа цел треба од поединечната волја на луѓето да составите колективна волја што ги сочинува сите заедно. Ќе ви кажам некои работи преку петте точки што треба да го сообразуваат секој лидер.
Првата е ВИЗИЈА. Дали имаш Визија за самиот себе или за бизнисот каде што работиш? Дали имаш визија за семејството; дали имаш визија за синот или ќерката? Првиот критериум е да имаш визија, но вториот критериум е таа визија да им ја пренесеш на другите. Дали твојата визија ја гледаш во другите или во твоите деца? Не можеш да донесеш пресуда во врска со ова. Другите ќе пресудат за твојата визија затоа што тоа е визијата што кружи во организацијата што го движи бизнисот во кој се вложуваш. Слоганите се кога визијата ја ставаш на ѕид. Тоа е само испишана реченица или збор, но тоа што и дава значење на твојата визија е местото каде што работиш. Дали живее твојата визија? Оцени самиот!
Втората точна е ЕНЕРГИЈА. Речиси секој има паметен телефон. Кога ќе ти ѕвони телефонот и кога ќе видиш на екранот дека те бара некој што сакаш да го слушнеш, веднаш ти доаѓа чувство дека тој човек ќе ти ја испие енергијата. Дали ќе одговориш на повикот? Таквите луѓе ги нарекувам цицачи на енергија. Дали ти ја цицаш енергијата на другите? Поведи внимание за себеси и за луѓето што ти даваат енергија. Кога ќе се вратиш дома од работа, дали влегуваш дома со телефонот на уво? Кога ќе влезеш дома кој трча за да те пречека, децата или кучето? Ова е добар показател. Биди посветен на семејството исто колку што си посветен на работата, затоа што семејството ти дава енергија за да можеш потоа да ја пренесеш на другите. Прашај се себеси дали имаш енергија и дали даваш енергија, или па си цицач на енергијата на другите луѓе!
Третата точка е ОСТРИЦА. Тоа значи да имаш острина за да пресечеш кога има тешка одлука што е поврзана за луѓе и за бизнис. Сурово е да оставиш некој да работи работа за која не е способен да ја извршува. Секој треба да се најде под предизвик, но предизвикот мора да дојде на вистинското работно место. Ако го нема ова, ќе биде тешко за луѓето и за компанијата да успеат.
Четвртата точка е ИЗВРШУВАЊЕ. Дали си човек кон кого се обраќаат другите кога нешто треба да се заврши? Порано Мајк Зафировски го нарекувавме „мајстор за извршување“. Ако нешто се наоѓаше на листата на задачи на Мајк и ако случајно се најдеш помеѓу него и неговата зацртана цел, тој ќе за заврши работата со тебе или преку тебе, но секогаш ќе го направи тоа на енергетичен начин.
Последната точка е ЕТИКА. Без етика ќе нема доверба. Без доверба нема да има ништо. Ако не уживаш доверба како лидер, не прави разлика колку си успешен и колку од четирите точки на лидерството се сообразени во тебе. Довербата на другите во тебе не се руши поради некоја голема незгода. Малите незгоди е тоа што го уриваат личниот кредибилитет и довербата на другите во тебе.
Графички приказ на учеството на компании на Самитот во Охрид по сектори
На Самитот имаше околу 300 учесници вклучуваќи врвни меѓународни извршни директори, менаџери, претприемачи, владини претставници, претставници на стопански комори, меѓународни организации, дипломати, како и заинтересирани поединци. 260 од нив беа домашни, а 60 интернационални гости од повеќе од 20 земји низ светот. На панелите имаше 43 говорници.
На крајот на Самитот направивме анкета на која се изјаснија 43 учесници од поделени 226 листови. 87% дојдоа на Самитот за стекнување контакти а 93%се задоволни од можностите. 77% дојдоа да истражуваат можности за инвестирање, а 67% се задоволни од можностите што беа претставени. 90% од испитаниците се многу задоволни од темите на Самитот, додека 95% се многу задоволни од квалитетот на говорниците . 92% се задоволни од панелите. За најинтересни панели беа посочени Бизнисот воден од иновации и Развој на лидерство.
Медиумско покривање на настанот
Глобалниот Инвестициски Самит имаше одлична соработка со девет медиумски партнери од кои две новински агенции, три национални телевизии, три дневни весници и еден бизнис магазин. Од настанот известуваа дваесет и двајца новинари од осумнаесет акредитирани медиумски гласила.
Вкупниот број на статии што беа објавени од 1 јуни до 6 октомври изнесуваше 432. Во 252 статии, овој настан беше главна вест. Останатите 162 статии покриваа други програмски активности на Македонија2025 како и членовите на организацискиот Одбор.
Триесет известувања беа преку телевизиските станици, а девет преку радио емисии поврзани со дискусиите на самитот. На интернет беа објавени 341 статија. Од Самитот произлегоа 25 интервјуа на медиумите со говорниците на панелите.