
НАШИОТ ТИМ

Биографија
Нена Манчев е менаџерка на програмите за лидерски и образовен развој во Македонија2025. Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на отсекот за општа економија.
Претходното искуство на Нена Манчев е во јавната администрација каде има работено како раководителка на Одделението за административна поддршка и координација во Фондот за иновации и технолошки развој, како и раководителка на Кабинетот на министерот за финансии при Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
Пред да го започне својот ангажман во јавната администрација, Нена има стекнато значајно работно искуство, од околу 15-тина години, во граѓанскиот сектор, работејќи во германската фондација Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје. Таа претежно работела во развивање и спроведување на консултантски програми од областа на политичкото образование, зајакнување и унапредување на политичкиот дијалог и капацитетите на политичките партии, како и програми во областа на развој на социо-економски политики, проекти за социјални праведни реформи, активно граѓанско учество и ангажирање и подобрување на учеството на граѓаните и младите во социјалните дискусии и процесите на донесување одлуки. Нена има особено богато знаење и искуство за концептуализирање и организирање регионални платформи и програми на ЈИЕ, политички и експертски програми за високи политичари/службеници и експерти од Германија и земји-членки на ЕУ, како и за претставници на истите од регионот на ЈИЕ. За време на нејзината кариера во Фондацијата, покрај позицијата координаторка на програми, паралелно цели 6 години таа била на позициите раководителка за финансии и сметководство, а две години работела како раководителка на канцеларијата.
Нена Манчев
Менаџер на програмите за лидерски и образовен развој во Македонија2025

Биографија
Галена Канингам е виш соработник за меѓународни односи и менаџер на самитот Македонија2025. Таа работи на поврзување на членовите на дијаспората со земјата и го поддржува ширењето на стратешката визија на Македонија2025. Галена има искуство како менаџер на меѓународни истражувачки проекти од областа на образованието. Таа работела во тимови за транзиција, помагајќи во започнување на мали бизниси во Македонија. Својот професионален живот во Македонија Галена го започна во 2013 година како практикант во македонското Министерство за образование и наука и во Министерството за надворешни работи. Пред да се врати во Македонија, Галена студирала политички науки на Универзитетот во Торонто. Своите компетенции ги заокружила со диплома за бизнис администрација и финансии на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Галена Канингам
Виш соработник за меѓународни односи

Биографија
Воислав Илиевски е виш соработник за деловни програми во Македонија2025. Има образование во областа на правото и пракса во активности поврзани со подобрување на деловното опкружување, како и во области на комерцијално законодавство. Во текот на својата кариера акумулирал искуство со континуирано работење на проекти финансирани од меѓународни донатори, преку ангажмани над 15 години во Граѓанскиот сектор. Има соработувано со партнери на највисоко институционално/министерско ниво за дизајнирање и спроведување на законски измени и транспарентни, одржливи реформи. Исто така, бил вклучен и во спроведување на регулаторни проценки во Република Македонија. Неговите силни страни се во регулаторната реформа, инспекцискиот надзор, реформата на деловното опкружување, промоцијата на извозот, управувањето со проекти и градењето институционални капацитети.
Воислав Илиевски е професионалец ориентиран кон акција, со силна способност ефективно да комуницира со деловната, државната и невладината публика.
Воислав Илиевски
Виш соработник за деловни програми во Македонија2025

Биографија
Јасмина Димковска е соработник за административно и финансиско работење. Одговорна е за материјално и финансиско книговодство и другите административно-финансиски работи.
Студирала на економскиот факултет на универзитетот Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на отсекот сметководство и ревизија.Таа има долгогодишно искуство во работење во мултинационални компании во областа на финансиите и администрацијата. Нејзините почетоци се во 2006 во компанија за истражување на пазарот и јавно мислење вклучувајќи ја и Mediana Group во Макединија која го спроведува TGI истражувањето во регионот. По тоа продолжува во француска компанија од областа на нафтената индустрија во секторот на финансии и набавки, последните две години во интернационална трговска фирма во одделот за финансии.
Јасмина Димковска
Соработник за административно и финансиско работење

Биографија
Јана Крстевска е економски аналитичар во Македонија 2025. Јана придонесува во меѓународните и домашните истражувачки студии и брифинзи за политиките.
Јана неодамна магистрираше по политичка економија на Универзитетот Еразмус во Ротердам, откако дипломираше по економија и бизнис економија на Универзитетот во Утрехт во Холандија.
Јана Крстевска
Економски аналитичар
НАШИТЕ СОРАБОТНИЦИ

Биографија
Гордана Клинчарова
Финансиски Консултант
НАШИТЕ ВОЛОНТЕРИ

Биографија
Марија Аџиев е студент во трета година на смер маркетинг на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и волонтер на Македонија2025. Таа ја започна својата професионална кариера со Македонија2025 како практикант во јуни 2021 година и оттогаш има работено на многу проекти во рамките на компанијата и две години по ред се приклучува на нашиот годишен Самит. Била дел од многу други непрофитни организации како American Corner Skopje и Girls up. Марија е амбициозна личност која сака да постигне поглеми животни цели и да се стреми кон успех во младоста, многу комуникативна и желна за соработка и помагање на своите колеги да постигнат поголем успех заедно и да одржуваат ефективна и ефикасна работна етика во компанијата. На професионален план таа е секогаш подготвена во полето на управување со сериозни проекти и задачи. Покрај тоа, како поранешен волонтер на настани, таа има одлични вештини за водење, контролирање и мотивирање на своите соработници.
Марија Аџиев

Биографија
Матеј Минчев е студент волонтер во Македонија2025. Уредува и лекторира различни пишани документи, како што се месечни билтени, интервјуа и написи. Матеј се приклучи на Македонија2025 во февруари 2021 година, откако беше вклучен во кампањата за Младинска дијаспора.
Матеј ја следи својата последна година на инженерски студии, а во моментов работи како практикант во ХТС Инженеринг во Торонто, Канада. Заедно со неговиот мајчин македонски и англиски јазик, тој исто така зборува француски и шпански јазик. За цело време на неговите универзитетски студии, тој бил вклучен во неколку проекти кои се однесуваат на областите електроника, механика на флуиди и програмирање.
Надвор од училиште и работа, Матеј сака да остане активен со учество во разни спортови, вклучувајќи фудбал и скијање. Тој ужива да патува и да доживува нови култури, како и да гледа големи спортски лиги како што е Националната кошаркарска асоцијација (НБА). Матеј е и ски инструктор од ниво 1, откако ја доби својата лиценца во 2016 година од канадската скијачка алијанса (CSIA).
Матеј, исто така, има желба да и помогне на својата матична земја Македонија на различни начини. Од 2021 година, тој е вклучен во Проект среќа (Project Happiness), што е кампања за собирање средства што гради и реновира домови за деца од социјално загрозени средини.
Матеј Минчев

Биографија
Теа Пешева живее во Торонто, Канада, и работи за Министерството за животна средина, конзервација и паркови во Онтарио. Таа има диплома за одржлив развој од Универзитетот во Сент Ендрус, Шкотска и магистратура по менаџмент за одржливост од Универзитетот во Торонто. Таа работеше со владата на Онтарио повеќе од 4 години, во различни оддели за животна средина, како и за пристапност.
Нејзините примарни фокуси се во врска со односите со засегнатите страни, комуникации и имплементацијата и подобрувањето на програми.
Пред да се пресели во странство, таа живееше во Скопје, Македонија, каде сè уште живее нејзиното семејство. Таа секогаш е заинтересирана да учи и да најде начини да го искористи знаењето и искуството што ги стекнала преку нејзината професионална кариера за да ја подобри свеста во Македонија за опциите за управување со животната средина.
Теа Пешева
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
Категорија
Последно објавено