Тим

Никица Мојсоска-Блажевски

Никица Мојсоска-Блажевски

Главен извршен директор

Извинете, овој запис е достапен само на англиски јазик.

Нена Манчев

Нена Манчев

Mенаџерка на програмите за лидерски и образовен развој во Македонија2025

Нена Манчев е менаџерка на програмите за лидерски и образовен развој во Македонија2025. Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на отсекот за општа економија.

Претходното искуство на Нена Манчев е во јавната администрација каде има работено како раководителка на Одделението за административна поддршка и координација во Фондот за иновации и технолошки развој, како и раководителка на Кабинетот на министерот за финансии при Министерството за финансии на Република Северна Македонија.

Пред да го започне својот ангажман во јавната администрација, Нена има стекнато значајно работно искуство, од околу 15-тина години, во граѓанскиот сектор, работејќи во германската фондација Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје. Таа претежно работела во развивање и спроведување на консултантски програми од областа на политичкото образование, зајакнување и унапредување на политичкиот дијалог и капацитетите на политичките партии, како и програми во областа на развој на социо-економски политики, проекти за социјални праведни реформи, активно граѓанско учество и ангажирање и подобрување на учеството на граѓаните и младите во социјалните дискусии и процесите на донесување одлуки. Нена има особено богато знаење и искуство за концептуализирање и организирање регионални платформи и програми на ЈИЕ, политички и експертски програми за високи политичари/службеници и експерти од Германија и земји-членки на ЕУ, како и за претставници на истите од регионот на ЈИЕ. За време на нејзината кариера во Фондацијата, покрај позицијата координаторка на програми, паралелно цели 6 години таа била на позициите раководителка за финансии и сметководство, а две години работела како раководителка на канцеларијата.

Галена Канингам

Галена Канингам

Менаџер за односи со дијаспората и настани

Галена Канингам е референт за односи со дијаспората и координатор на говорниците на Самитот Македонија2025. Таа работи на поврзување на членовите на дијаспората со земјата и го поддржува ширењето на стратешката визија на Македонија2025.

Галена има искуство како менаџер на меѓународни истражувачки проекти од областа на образованието. Таа работела во тимови за транзиција, помагајќи во започнување на мали бизниси во Македонија. Својот професионален живот во Македонија Галена го започна во 2013 година како практикант во македонското Министерство за образование и наука и во Министерството за надворешни работи.

Пред да пристигне во Македонија, Галена студирала политички науки на Универзитетот во Торонто. Неодамна, Галена ги заврши своите студии со стекнување на диплома за бизнис администрација и финансии на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

Петар Трендафилов

Петар Трендафилов

Економски аналитичар/ Истражувач

Петар Трендафилов е економски аналитичар / истражувач во Македонија2025. Има завршено магистерски студии по финансии и банкарство на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Тој е добитник на разни стипендии и го освои првото место на летната програма организирана од Варшавската школа за економија во 2011 година.

Тој има стекнато работно искуство во секторот за ревизија и осигурување на почетокот на својата кариера. Потоа работел како главен оперативен директор во компанија која се занимава со авторско право на телевизиски канали дистрибуирани и емитувани од сите телекомуникациски оператори во Македонија. Во исто време, тој основа своја стартап компанија. Стартапот работи во областа на напредна Wi-Fi инфраструктура и сродните услуги. Таму работел со различни телекомуникациски оператори во регионот на Западен Балкан, со цел да развие SaaS (Software as a Service) решение за операторите да ја подобрат својата мрежна инфраструктура и операции и да донесат дополнителни придобивки и побрза врска до потрошувачите за пониски трошоци. Неговите други професионални ангажмани вклучуваат неколку работни позиции во секторот финансии и проектен менаџмент на соларни фотоволтаични електрани во неговиот семеен бизнис, каде тој бил одговорен за секојдневното работење и подобрување на постојните процедури.

Катерина Коларова

Катерина Коларова

Специјалист за комуникации и образовaниe

Извинете, овој запис е достапен само на англиски јазик.

Соработници

Гордана Клинчарова

Гордана Клинчарова

Финансиски консултант