Џон Битов беше канадски бизнисмен со македонско потекло. Роден е во Торонто во 1928 год. и е син на Никола и Вана, кои потекнуваат од македонското село Габреш кое се наоѓа во денешната западно македонска провинција во Грција. Растењето во семејство со трауми од прогонувањето и страдање, кај Џон го поттика чувството на патриотизам за Македонија и длабока љубов кон македонскиот народ. Оваа љубов го натерала Џон да го посвети животот на своите верувања и идеали да и помогне на Македонија и на македонците низ целиот свет. Неговата силна волја му овозможи да прерасне во успешен бизнисмен.
Џон Битов ќе остане како еден од ретките македонски херои на денешницата. Тој веруваше во слобода, правда и способноста сите Македонци да ги уживаат основните човекови права во државите на Балканот. Донираше средства на многу организации кои им помагаа на Македонците кои имаат потреба. Неколку христијански цркви се изградени благодарение на неговата поддршка – неодамна Богородица во Кембриџ и Свети Илија во Мисисага, и во Канада. Џон Битов исто така беше силен верник во образованието, што го принуди да иницира учење на македонски јазик на Универзитетот во Торонто. Г-дин Битов обезбеди стипендии за исклучителни студенти од македонско потекло во Северна Америка.