Драги пријатели на Mакедонија2025,

Би сакале да ви го презентираме годишниот извештај на Македонија2025 за 2018 година. Во него се сумирани сите наши настани, програми и активности, како и финансиски извештај и препораки од луѓе кои биле инволвирани преку организацијата.

Изготвувањето на овој извештај ја поддржува нашата заложба кон отвореност, транспарентност и одговорност и e прозорец во идентитетот на нашата организација, затоа што не’ мотивираше во изминатата година, што сме постигнале, целите за кои сме посветени и многу повеќе!

Годишниот извештај е најдобриот медиум кој ги опфаќа највашните работи за Македонија2025. Ако сте заинтересирани да дознаете повеќе за нас, да видите како ги користиме нашите финансии или да дознаете со какви донации може да придонесете, погледнете го извештајот и стапете во контакт со нас.

Помагаме во градење посилна нација.

Тимот на Македонија2025