Тим

Никица Мојсоска-Блажевски

Никица Мојсоска-Блажевски

Главен извршен директор

Извинете, овој запис е достапен само на англиски јазик.

Васе Георгиевска

Васе Георгиевска

Финансов директор

Васе Георгиевска е финансиски директор во канцеларијата во Скопје од јануари 2015. Таа е одговорна за финансиско планирање, контрола и известување. Г-ѓа Георгиевска живеела во Торонто, Канада веќе 16 години и за тоа време се стекнала со диплома од областа на бизнис администрацијата, диплома од областа на трговијата со фокус на  финансии и ги положила испитите за „Chartered Financial Analyst® (CFA)“. Претходно искуство има во индустријата за пензиски фондови, каде што работела како менаџер на портфолио и спровела анализа на можностите за домашни и странски инвестиции.

Маја Сталеска

Маја Сталеска

Менаџер за настани

Маја Сталеска ја започна својата пракса во Македонија 2025 во март 2014 година и се приклучи на тимот во октомври 2015. Во моментот, таа работи како ]Менаџер за настани и е вклучена во сите тековни организациски активности. Таа е дипломиран социјален работник со 5 години работа и искуство во граѓанските организации во Македонија. Таа е координатор на тековен регионален проект веќе четири години и е еден од основачите на меѓународната организација академијата Фреја. Таа се интересира за проектниот менаџмент и меѓународна соработка

Брендан Филиповски

Брендан Филиповски

Менаџер за истражување

Брендан Филиповски започнал да работи волонтерски како проктен асистент во септември 2016 година. Брендан е роден во Австралија, има дипломирано економија со почести и дипломирано трговија на Австралискиот национален универзитет, а магистрирано политичка економија на Универзитетот во Сиднеј. Тој работел во Австралиската централна банка повеќе од 10 години, каде што работел во областа на политиката, управувањето со ризици и на важен ИТ проект поврзан со хартиите од вредност поддржани со средства. Во тоа време тој исто така е ко-автор на објавен документ за влијанието на реформите за таксите во наплатниот систем на банкоматите. Додека работел во банка, Брендан има два мандати како претседател на синдикатот на персоналот и бил член на одборот на Унијата за финансиски сектор. Работел и за австралискиот оддел за индустрија и за мал хеџ фонд за време на глобалната финансиска криза. Брендан дополнително доброволно се пријавил во голем број организации, вклучувајќи и добротворна организација за помагање на луѓето да закрепнат од тежок долг („Christians Against Poverty“). Брендан моментално го реализира својот сон да живее, работи и напредува во Македонија.

Ема Јакимовска

Ема Јакимовска

Референт за комуникации

Ема Јакимовска во моментов работи како Референт за комуникации во Македонија2025. Има дипломирано на Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, на катедрата за Англиски јазик и книжевност. Магистрира на Филозофскиот факултет во областа Меѓународни односи – Разрешување конфликти, дипломатија и човекови права, со завршен труд фокусиран на концептот на јавната дипломатија во политичката комуникација.

Ема има значително искуство во граѓанскиот сектор, работејќи најмногу во сферата на односите со јавност, јавното информирање, социјалните медиуми, пишаната и усна новинарска комуникација, како и во превод, толкување и уредување на содржини.

Таа има учествувано и работено на голем број меѓународни младински проекти. Има освоено стипендии за реномирани академски школи во земјата и странство, како и учествувано на бројни работилници и обуки за усовршување во својот круг на работење.

Соработници

Љупчо Спиров

Љупчо Спиров

Видео продукција и IT техничар

Љупчо се приклучи на тимот во 2018 год како техничар и медиа креатор. Тој е инволвиран во создавање видео содржини и одржување на функционалностите на страните. Тој исто така работи на задачи поврзани со  компјутерски хардвер, софтвер и мрежа во компанијата. Љупло има дипломирано на Правниот факултет во Скопје, смер новинарство. После неговите студии, тој има работено како фриленс Видео едитор и во мала македонска видео продукциска куќа, каде што ги има научено повеќето вештини што денес ги користи.  Тој има огромен интерес во развивање на веб страни. Исто така Љупчо има одено на курс за веб-програмирање во Семос Едукација.

Стефан Ивановски

Стефан Ивановски

Мултимедиjа и веб дизајн

Стефан Ивановски започна со неговото искуство во Македонија2025 во 2017 год каде што беше волонтер во организациониот тим за МК2025 Самитот. За кратко после Самитот тој се приклучи на тимот, почнувајќи со пракса во Фебруари, како дел од мултимедиа тимот работејќи на видео содржини и развој на веб страни.

Стефан ги привржува неговите маркетинг студии на Економскиот факултет во Скопје. Тој е исто така активен АИЕСЕК алумни, после 4 годишна инволвираност во организацијата, каде што започна со развој на видео содржини. Тој беше дел од Извршниот Одбор, како на локално така и на национално ниво, работејќи во полето на Дизајн и Информационен Менаџмент.

Во текот на неговите студии Стефан има работено како Видео Едитор и фриленс графички дизајнер.