Џон Битов беше канадски бизнисмен со македонско потекло. Роден е во Торонто во 1928 год. и е син на Никола и Вана, кои потекнуваат од македонското село Габреш кое се наоѓа во денешната западно македонска провинција во Грција. Растењето во семејство со трауми од прогонувањето и страдање, кај Џон го поттика чувството на патриотизам за Македонија и длабока љубов кон македонскиот народ. Оваа љубов го натерала Џон да го посвети животот на своите верувања и идеали да и помогне на Македонија и на македонците низ целиот свет. Неговата силна волја му овозможи да прерасне во успешен бизнисмен.

Џон Битов ќе остане како еден од ретките македонски херои на денешницата. Тој веруваше во слобода, правда и способноста сите Македонци да ги уживаат основните човекови права во државите на Балканот. Донираше средства на многу организации кои им помагаа на Македонците кои имаат потреба. Неколку христијански цркви се изградени благодарение на неговата поддршка – неодамна Богородица во Кембриџ и Свети Илија во Мисисага, и во Канада. Џон Битов исто така беше силен верник во образованието, што го принуди да иницира учење на македонски јазик на Универзитетот во Торонто. Г-дин Битов обезбеди стипендии за исклучителни студенти од македонско потекло во Северна Америка

Џон се оженил со својата сопруга Доца со американско и македонско потекло, во 1949 година. Тие беа заедно 67 години, се до неговата смрт. Џон и Доца Битов го основале „Canadian-Macedonian Place“ во 1978 година – дом за пензионери за над 100 Канаѓани со македонско потекло. „Canadian-Macedonian Place“ ги организира едни од најстарите македонски собири во Канада – турнирот за голф „Open Golf Tournament“, кој започна во 1942 година и се одржува секоја година до денес. Јован и Доца длабоко ги погоди искуството на децата-бегалци од Македонија по завршувањето на Втората светска војна, кои се познати како Деца Бегалци. И двајцата имаа роднини помеѓу 30.000 македонски деца кои беа испратени во земјите од Европскиот Источен Блок за да избегнат прогонот и смртта во нивната родна земја. Џон и Доца организираа и платија за децата да се обединат со нивните семејства на собирот кој се одржа во Скопје во 1984 година. Овој настан стана историско обележје на македонскиот народ и доведе до многу повеќе Македонци да се обединат со своите браќа, сестри, роднини и пријатели. Во 1991 година тој организираше, финансираше и водеше меѓународна кампања за принудување на големите земји да ја признаат Република Македонија како независна држава. Тој беше многу горд што земјата доби независност без никакви инциденти за време на турбулентниот распад на Југославија.