Организацијата е замислена како аналитички центар кој генерира идеи за идниот развој на Македонија. Подготвени сме да поттикнеме и спроведеме голем број на иницијативи и отворени сме за сите оние кои сакаат да придонесат со своето време, ресурси, контакти и капитал.

Роберт АрсовПретседател на управниот одбор

Кој сме ние:

Меѓународен, независен, непартиски, непрофитен аналитички центар кој генерира идеи за идниот развој на Македонија основан во 2007 година од страна на македонски иселеници кои замислуваат проактивен начин да придонесат за економскиот и демократскиот развој на Македонија. Со седиште во Скопје и поддржувачи низ целиот свет, ние опфаќаме широк спектар на програми кои им овозможуваат на иселениците да вратат назад на својата татковина.

Нашата визија

Ние сме посветени да помогнеме да се создаде просперитетна економска клима и “посилна нација”, која ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Ние промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството базирано на вредности.

Нашите вредности

Замислуваме

• Замислуваме програми, застапување и истражувања кои ќе го олеснат создавањето на напредно знаење и трансформација на Македонија во енергична економија.

Охрабруваме

• Ги охрабруваме македонските граѓани, бизниси, академици и дијаспора преку соработка, вмрежување и социјални ангажмани.

Развиваме

• Ги развиваме раководните, менаџерските и претприемачките капацитети на македонските лидери на иднината на глобално ниво преку програми за развој.

Истакнување

• Се истакнуваме во ефикасно извршување на сите програми и максимално искористување на поддршката на нашите донатори

Етички

• Промовираме етички пристап кон бизнисот како основен столб на здраво и просперитетно општество

Главни стратешки цели:

“Think” (oбезбедуваме независни перспективи, поттикнуваме дискусии и повици за акција) и “Do” (спроведуваме програми, ги свикуваме клучните засегнати страни, политика на влијание) во  5 главни дела:

1. Забрзување на економскиот развој (привлекување странски инвестиции, поддршка на конкурентноста на македонските компании, стимулирање на развојот на извозот; поддршка на растот на претприемачите и start-up компаниите)
2. Имплементирање образовни програми кои го забрзуваат развојот на лидерството и го инспирираат и подобруваат претприемништвото во Македонија

3. Обезбедување на дијаспората можност за зајакнување и подобрување на врските низ целиот свет 
4
. Застапување на идеалите на транспарентно, демократско и инклузивно општество – добро за граѓаните, добро за економски развој и добро за земјата
5. Одржување и помагање да се олеснат дискусиите за “Контролната табла” за да се обезбеди широк напредок во развојот и квалитетот на животот во вистинската насока