Со голема гордост го споделуваме со вас стратешкиот план на Македонија2025 за 2021-2025 година. Досега бевме сведоци како организацијата генерира можности и гради капацитети за економски раст. Овој стратешки план се обидува да го мултиплицира тоа влијание, позиционирајќи ја Македонија2025 како силен економски и политички партнер на домашен, регионален и глобален план.
Сметаме дека ова е важно не само затоа што ги одразува нашите организациски вредности, туку и затоа што на сите ни е подобро кога живееме во транспарентно, демократско и инклузивно општество – добро за граѓаните, добро за економскиот развој и добро за земјата.