Кои Сме Ние

За нас

Меѓународен, независен, неполитички „think & do“ основан во 2007 година од македонски иселеници.

Нашата цел е да поттикнеме одржлив економски раст кој ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Опфаќаме широк спектар на програми кои им овозможуваат на иселениците да се вратат во својата татковина.

...

Нашата Мисија

Нашата мисија е да ја обликуваме иднината на Македонија преку промовирање на одржлив економски раст што ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори.

...

Нашата Визија

Нашата визија е Македонија да стане водечка економија и најпросперитетна земја во регионот.

...

Наши Вредности

...

Замисла

Замислуваме програми, застапување и истражувања кои ќе го олеснат создавањето на напредно знаење и трансформација на Македонија во енергична економија.

...

Поврзуваме

Ги поврзуваме македонските граѓани, бизниси, академици и дијаспора преку соработка, вмрежување и социјални ангажмани.

...

Евалуација

Ги развиваме раководните, менаџерските и претприемачките капацитети на македонските лидери на иднината на глобално ниво преку програми за развој.

...

Ефикасност

Се истакнуваме во ефикасно извршување на сите програми и максимално искористување на поддршката на нашите донатори

...

Етика

Промовираме етички пристап кон бизнисот како основен столб на здраво и просперитетно општество

...
...
...
...

Столбови

Развој на лидерство и поддршка на млади таленти

Ги развиваме лидерските, менаџерските и претприемачките капацитети на врвните македонски лидери на утрешнината, поддржувајќи ги надежните млади таленти да го достигнат својот целосен потенцијал и да станат успешни професионалци.

Разввој и конкурентност

Посветени сме кон поддршка на конкурентноста на македонските компании, привлекување странски инвестиции и стимулирање на растот и развојот на извозот. Работиме на поддршка за постојан развој на претприемачи, стартап компании и раст кон странските пазари.

Партнерства и врски

Се заложуваме за градење на силни партнерства и заедничка соработка кон градење на посилна нација. Ние претставуваме платформа за сите Македонци ширум светот да се обединат, да помогнат и да се придружат на нашите напори за поддршка на економскиот и демократскиот раст на Македонија.

Подобрување на македонското бизнис опкружување

Се залагаме за транспарентно општество и општество без корупција преку обезбедување стручно водство и истражување за клучните економски предизвици. Оттука, го подобруваме деловното опкружување и ја користиме поддршката од нашите иселеници за економски напредок на земјата.