News
Јована Ана Хаџи Христовска, ученичка во трета година во средното училиште „Орце Николов“ во Скопје, продолжува да ја инспирира заедницата со своите активности и достигнувања. Со непоколеблива посветеност кон позитивни промени, таа се истакнува не само преку своето волонтерство во Црвениот крст, каде што нуди поддршка и се стреми кон подобра иднина за сите, туку и преку активното учество во различни проекти и дебати, особено оние кои се фокусираат на заштита на животната средина.
Нејзината ангажираност не заостанува зад нејзините академски обврски. Неодамна, Јована и нејзиниот тим од организацијата “Имам Став!”, под водство на професор Татијана Гацова, постигнале значителен успех со учеството на дебата во Европскиот парламент во Стразбур. Тие успешно се справиле со предизвикот, покажувајќи импресивни способности за аргументација и критичко мислење, особено кога станува збор за теми како што е ширењето на дезинформации преку медиумите. Во таа дебата, Јована активно учествувала во дискусии и предлагање на решенија за справување со ова прашање, застапувајќи ставови против воведувањето на факт-чекери поддржани од вештачка интелигенција и владината цензура на медиумите. Испитувањето и предизвикувањето на предлозите од другите групи потврдиле нејзините способности за аналитичко размислување и давање смислени контрааргументи. Еве што таа сподели за ова искуство: “Морам да признаам дека не беше лесно бидејќи сите држави имаа добри претставници. Имав можност и лично да ја прашам претседателката на советот на ЕП прашање на кое одговори со целосна посветеност. Оваа посета беше важна за мене и мојот личен развој од многу аспекти но исто така и за нашата држава бидејќи покажува дека и новите генерации се желни и целат кон успехот и иднината на нашата држава, ова беше истакнато и од самите претставници на ЕП, ни дадоа до знаење на нас а и на сите 590 присутни дека е голем чекор за нашата земја.„
Покрај нејзиниот активен ангажман во дебатите и волонтерството, Јована се занимава и со области како што се кодирањето и роботиката, покажувајќи голема страст кон создавањето на иновативни роботи. Нејзината посветеност кон овие технички предизвици открива дека таа не само што се стреми кон академски и социјален успех, туку и кон истражување и иновација во областа на технологијата.
Значителен дел од нејзината лична и професионална развојна патека е и нејзиното искуство со менторството кое го овозможи фондацијата МК2025, укажувајќи дека менторката игра значајна улога во нејзиното усмерување кон иднината. “Сакам да изразам најискрена благодарност кон фондацијата МК2025 и мојата менторка. Нашиот менторски процес тече природно и продуктивно. Таа не само што ги сослуша моите планови за иднината, туку и ме насочува во правилната насока. Нејзиниот реален пристап и поддршка ме поттикнуваат да го следам својот пат, и со вклопување во една реална слика за опкружувањето и барањата на пазарот на трудот.„
Во оваа прилика и пожелуваме многу успех и ја бодриме нашата Јована Ана во сите нејзини идни предизвици.
Related News