Фондација МК2025: Отворен повик за стипендирање на десет (10) средношколци “Таленти денес – лидери утре„

News

Повикот е отворен до 15.07.2024 год

Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ за тековната 2024/2025 година.

По успешноста на пилот-проектот за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти. Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 (шеесет илјади) МКД, исплатени во10 (десет) еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите ќе се доделуваат само за месеците во кои се одвива настава (почнувајќи од септември 2024 до јуни 2025г.).

Критериуми за аплицирање

  • Средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни средни училишта;
  • Средношколци со успех над 4.70;
  • Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и друго, при што предност ќе имаат кандидати од областите STEM;
  • Кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен финансиски приход (бруто) во семејството до 800.000 МКД годишно.

Корисниците на стипендија за 2023/2024 година потребно е повторно да аплицираат на отворениот повик за стипендии.

Начин на аплицирање

Документите се доставуваат на E-scholarships платформата на Македонија2025.

За да аплицирате, потребно е да ги прикачите следните документи на македонски јазик.

  • Биографија (CV Europass или друга слична форма);
  • Потврда за редовен ученик/чка и потврда за успех (просечна оценка) во последните три завршени училишни години;
  • Дипломи од награди од државни и/или меѓународни натпревари во различни дисциплини (не постари од 3 години);
  • Мотивационо писмо во кое се посочува зошто е потребна поддршката (задолжително во мотивационото писмо да се наведе дали кандидатот/ката е корисник на друга стипендија);
  • Релевантни документи за приказ на годишен (бруто) финансиски приход во семејствотоодносно Уверение од Управата за јавни приходи за остварени приходи по разни основи (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за последната календарска година пред аплицирање за родителите/старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
  • Најмалку 1 препораки од професори/релевантни институции или индивидуи вклучени во образование на кандидатот.

Важно: Детални инструкции и појаснување за потребната документација за стипендии за Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ се достапни на платформата за е-стипендии (долниот лев агол).

Покрај редовната стипендија, Фондот ќе се потруди да поддржи и обезбеди менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Фондацијата МК2025.

Крајниот рок за испраќање на документите е 15.07.2024 год. (повикот се затвора во 23:59 часот). За валидни пријави се сметаат само оние апликанти кои аплицирале електронски на платформата E-scholarships/macedonia2025.

Процес на селекција

Административната селекција се врши од страна на Фондацијата МК2025.

Откако ќе заврши процесот на административна селекција, апликациите ќе ги разгледува Комисија составена од истакнати членови и партнери на Фондацијата МК2025. Избраните кандидати кои ги исполнуваат сите горенаведени услови и критериуми ќе бидат контактирани најдоцна до средина на август 2024 година. Пред да се донесат финалните одлуки, можно е дел од кандидатите да бидат повикани на дополнително интервју.

Дополнителни напомени

По завршување на процесот на селекција, избраните стипендисти потпишуваат Договор за донација, каде се дефинирани сите услови и правила за користење на стипендијата. За лицата под 18 години, договорот се потпишува во присуство на родител/старател на лицето корисник.

По изборот, стипендистите се должни да доставуваат квартални извештаи за своите достигнувања, како би покажале посветеност и отченост во својот личен и професионален развој, во рамки на стипендијата.

 АПЛИЦИРАЈ  

Ги очекуваме Вашите апликации! Фондацијата МК2025