We are honoured to share with you the positive “Atanas Bliznakoff” story of our scholarship recipient from the Atanas Bliznakoff program for student excellence – Anamaria Mitkovska, student at the Faculty of Natural Sciences and Mathematics, majoring in Molecular Biology with Genetics in Skopje, University “St. Cyril and Methodius” Skopjе.
“Studying in these hard economic times is a big challenge. The “Atanas Bliznakoff” scholarship was the best thing that happened in my life, because without the scholarship my studies would have been more difficult. First academic year is difficult and brings challenges and difficulties to which we all have to adapt, but “Atanas Bliznakoff” scholarship motivated me to successfully overcome all the obstacles on my road. I am endlessly grateful.
To new scholars I wish successful application for the scholarship, and I encourage them to don’t give up on the new challenges they will face, but to overcome them because hard work always pays off.”
Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивната “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност – Тијана Тошевска, студентка на Институт за педагогија – Филозофски факултет – УКИМ при Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.
“Фондацијата „Атанас Близнакоф“ е синоним за помош, поддршка и мотивација. Чест и задоволство е да си дел од група која несебично те насочува и ти помага да напредуваш. Чувството на сигурност и стабилност, кое го добивам преку оваа стипендија, ми дозволува целосно да се фокусирам на моето образование, напредок и усовршување. Благодарение на фондацијата „Атанас Близнакоф“ и Македонија2025 јас сум чекор поблиску до својата цел.„
Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност Оља Трајковиќ, студентска на прва година на Економскиот факултет во Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.
“Кога знаеш дека некој го вреднува твојот успех, тоа претставува мотив за понатамошно напредување и создавање вредни дела, кои остануваат засекогаш. Фондацијата “Атанас Близнакоф„ претставува столб, кој овозможува понатамошно градење на нашата личност.„
We are honoured to share with you the positive “Atanas Bliznakof” story of our scholarship recipient from the Atanas Bliznakof program for student excellence, Angjela Dragan, a student at the Faculty of Computer Science and Engineering in Skopje, University “St. Cyril and Methodius” Skopje.
“I extend my heartfelt thanks to the “Atanas Bliznakoff” foundation for awarding me a scholarship for my studies at the Faculty of Computer Science and Engineering. Their generous support has significantly eased my financial burden and provided me an invaluable opportunity to excel academically.
This scholarship serves as a source of inspiration and motivation, driving me to commit to making meaningful contributions to the field of computer science and engineering. I deeply appreciate their belief in my potential, and this support will undoubtedly play a crucial role in my future successes.
With this scholarship, I am able to dedicate myself more fully to my studies, engaging deeply with the subjects that I am passionate about. The financial relief allows me to focus on my academic and research goals without the stress of financial constraints. This scholarship not only supports my current educational pursuits but also opens doors for future opportunities in the tech industry. I am committed to using the knowledge and skills I gain to contribute to technological advancements and to give back to the community that has supported me.
Thank you once again for your generosity and belief in my potential.”
Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивната “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност – Мила Ѓорѓевска, студентска во трета година на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје при Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.
“Огромна благодарност до Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за мотивацијата и неизмерната поддршка која ја пружаат на секој од нас и која е од исклучително значење за нашиот напредок во текот на студирањето. Ми претставува огромна чест и задоволство што имавме можност да ги запознаеме претставниците од фондацијата и од првиот миг да ја почувствуваме безрезервната поддршка, посветеноста и работата која ја вложуваат во нашето образование. Патот кон остварувањето на нашите цели е полесен знаејќи дека некој секогаш е тука да те поддржува, да се радува и да го цени секој твој успех.„
Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност Анастасија Малеска, студентска на Машинскиот факултет во Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.
“Благодарам е зборот што од срце го упатувам кон Фондацијата МК2025, до сите оние што ми помагаат да ја создадам својата иднина. Убаво е чувството кога вашиот пркос и желба за нови достигнувања се поддржани од некого. Некој кој ве мотивира, ви пружа сигурност и е ветер во вашиот грб.
Јас ја живеам мисијата што ми ја овозможува мојата идна професија и тоа ми дава крилја да истражувам, да експериментирам и постојано да се едуцирам. Кога ќе се свртам назад, Машински факултет е најдобриот избор што го направив. Низ лавиринтите на мехатрониката ме водат амбициите за тоа што го сакам и кое мора да го постигнам. Всушност, како иден инженер јас ќе ја креирам иднината, претварајќи го сонот во реалност, помагајќи му на човештвото.„
Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност Рената Николова, студентка на Економскиот факултет во Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.
“Стипендијата од Атанас Близнакоф е првиот и најголем успех кој ми се случи уште во првата година од студиите. Тоа ми даде чувство на гордост и увереност дека сум на вистинскиот пат. Благодарение на стипендијата Атанас Близнакоф, моето школување се одвива без финансиски предизвици, што ми овозможува целосно да се фокусирам на моето образование. Оваа поддршка не само што ми обезбеди стабилност и сигурност, туку и ми помогна да ги насочам сите мои сили и енергија кон академскиот успех.
Оваа стипендија значително ја зголеми мојата мотивација и ме инспирираше да вложувам уште повеќе труд во моите студии. Чувството дека некој верува во мене и ме поддржува преку оваа стипендија ми влева огромна самодоверба и решителност никогаш да не се откажувам. Без разлика на предизвиците со кои се соочувам, знам дека можам да ги надминам и да успеам благодарение на поддршката што ја добивам. Стипендијата Атанас Близнакоф е повеќе од финансиска помош – тоа е инспирација и мотивација за да продолжам да се стремам кон моите соништа.„
за доделување 40 (четириесет) стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД за редовни студенти запишани на прв циклус на студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во учебната 2024/2025 година
Повикот е отворен до 20 август 2024 година
Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје и Фондацијата МК2025 објавуваат повик за доделување 40 (четириесет) стипендии за студентска извонредност за редовни студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2024/2025 година.
Општи услови за кандидатите
Право да конкурираат имаат ученици/апликанти кои:
Се запишуваат за редовни стиденти во прва година на студии (прв циклус на студии) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
Завршиле средно образование со постигнат просечен успех од најмалку 4.0;
Не се корисници на стипендии од други институции, организации и фирми;
Чиј вкупен бруто приход на семејството (родители/старатели и кандидатот) за 2023 година по сите основи не надминува 800.000 денари;
Се државјани на Република Северна Македонија.
Висина на стипендијата
Висината на стипендијата изнесува 2.500,00 (две илјади и петстотини) американски долари годишно и се исплатува еднаш годишна на почетокот на студиската година, најчесто октомври.
Исплатата на стипендијата е во денарска противвредност.
Потребни документи за аплицирање
Потребни документи за аплицирање за стипендија се:
Уверение за државјанство на Република Северна Македонија издадено од Министерството за внатрешни работи;
Релевантни документи за приказ на годишен (бруто) финансиски приход во семејството односно Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за 2023 година за двајцата родители/старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
Документи за успех во средно образование односно Сведителства од 1 до 4 година;
Документ за положена државна матура;
Биографија на македонски јазик (CV Europass или друга слична форма);
Есеј на македонски јазик (најмногу 500 збора);
Препорака од наставник, директор или друго лице вклучено во претходното образование на кандидатот;
Дипломи и потврди за освоени награди на меѓународни, државни, регионални и општински натпревари (освоени во последните три години) (не е задолжително).
Важно: Детални инструкции и појаснување за потребната документација за стипендии за талентирани студенти на Фондацијата „Атанас Близнакоф„ за академската 2024/2025 година се достапни на платформата за E-scholaship (долниот лев агол кај самиот повик).
При аплицирање, кандидатот потврдува дека:
не е корисник на друга стипендија која е повисока од 6,000 ден;
доставените документи и податоци се вистинити;
се согласува на обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата.
Рангирање на кандидатите
Рангирањето на кандидатите се врши врз основа на три групи на критериуми. Максималниот број на освоени бодови е 100, од кои:
За материјална состојба на кандидатот се добиваат најмногу 45 бодови;
За успех остварен во претходното средно образование односно просечен успех од средно образование (1-4 година) и од државната матура; кандидатот добива најмногу 30 бодови;
За достигнувања и мотивација за личен и професионален развој се добиваат најмногу 25 бодови.
Начин на аплицирање
Документите се доставуваат на E-scholarships платформата на Македонија2025 (https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/home). Апликацијата се пополнува електронски, и тоа преку обврзувачко креирање на кориснички профил и прикачување на бараната документација на македонски јазик.
Процесот на апликацирање и административна проверка е спроведуван од страна на Фондацијата МК 2025.
Краен рок за аплицирање на повикот е 20 (дваесети) август 2024 година (23:59).
Процес на селекција
По завршување на процесот на административна проверка, апликациите ги разгледува Комисија за избор на стипендисти составена од истакнати членови и партнери на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје и Фондацијата МК2025.
Комисијата за избор на стипендисти го задржува правото да повика дел од кандидатите на дополнително интервју пред да се донесе финалната одлука и избор.
Сите апликанти ќе биде известени за извршениот избор и одлука за доделување на стипендии најдоцна до септември 2024 година по електронски пат.
Списокот со избрани кандидати ќе биде објавен на интернет страницата на Фондацијата МК2025 и на останатите партнер организации.
Добитници на стипендија за корисник на стипендија ќе потпишат Договор за стипендија, кое ќе се спроведува со Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје.
Правото на користење на стипендија
Правото на користење на стипендија започнува откако кандидатот ќе достави потврда за редовен студент запишан во прва година на интегрирани академски студии на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Правото на користење на стипендијата трае додека се исполнуваат условите за редовно напредување во студиите и успех, заклучно со завршувањето на студиите.
Правата и обврските на добитниците на стипендијата ќе се утврдат со Договор за стипендирање кој го склучуваат студентот/студентката и Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје.
Стипендијата ќе се продолжува годишно под услов, начин и постапка утврдени во Договорот за доделување на стипендијата.
Стипендистите се должни да доставуваат годишни извештаи за своите достигнувања, како би покажале посветеност и отченост во својот личен и професионален развој, во рамки на стипендијата, како и да споделат лично искуство поврзано со стипендијата. Ги очекуваме Вашите апликации!
Join us as we honor the brightest minds at the Atanas Bliznakoff Certificates of Excellence Awarding Ceremony on the second day of the Macedonia2025 Summit.
The Atanas Bliznakoff Foundations in the US, the Atanas Bliznakoff Foundations within the University “St. Cyril and Methodius” Skopje, and the Foundation MK2025 take immense pride in presenting these certificates to selected scholarship beneficiaries for their unwavering dedication to academic excellence. These Certificates were awarded to students who have demonstrated extraordinary commitment and perseverance, maintaining a remarkable Grade Point Average (GPA) of 9.5 or higher for three consecutive years.
Out of the 74 scholars completing their third year of studies, we are proud to present our 13 top achievers:
Jovan Bozhinovski – Iustinianus Primus Law Faculty
Kliment Sinikoski – Faculty of Economics
Ana Sofronievska – Faculty of Electrical Engineering and Information Technologies
Mihail Stojkoski – Faculty of Medicine
Anastasija Uzunska – Faculty of Pedagogy “St. Kliment Ohridski”
Jovana Stojcheska – Faculty of Pharmacy
Aleksandra Isajlovska – Faculty of Philosophy
Mihaela Lazarovska – Faculty of Philosophy
Tijana Toshevska – Faculty of Philosophy
Petar Petreski – FINKI – Faculty of Computer Science and Engineering
Lucija Tonkovikj – FINKI – Faculty of Computer Science and Engineering
Mila Gjorgjevska – Hans Em Faculty of Forest Sciences, Landscape Architecture and Environmental Engineering
Sofija Jovanovikj – Iustinianus Primus Law Faculty
Through their dedicated work, passion for learning, and relentless pursuit of knowledge, these students have distinguished themselves as exemplary scholars. Their exceptional academic performance not only reflects their commitment but also contributes to the advancement of education and the betterment of society as a whole.
We trust that they will continue to shine as beacons of inspiration to their peers, institutions, and the community at large. May this recognition serve as a source of pride and motivation as they continue their educational and professional journeys. Their accomplishments today symbolize the great things they will achieve in the future, and we eagerly anticipate their continued success.
On the same day, the ABF scholars had an annual gathering with Sophie and Mitre Kutanovski, representing the Atanas Bliznakoff Foundations in the US, Rector of the University “St. Cyril and Methodius” Skopje Biljana Angelova, and Nena Manchev, Macedonia2025 Program Manager for Leadership and Education Program.
Let’s applaud their hard work and achievements as they continue to set standards of excellence.
Педесет и осум студенти од првиот циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје се добитници на стипендијата „Атанас Близнакоф„ за студентска извонредност на Македонија2025. Годишно секој студент ќе добие 2,500 американски долари (денарска противвредност) стипендија како поддршка за своите студии. Стипендиите се обезбедени од фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како поддршка за новата генерација на академски граѓани.
Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прва година на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје, кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но немаат доволно средства за продолжување на сопственото образование. Стипендистите се од различни делови на Македонија, со речиси еднаква родова и етничка застапеност.
Македонија2025 по втор пат го администрира отворениот повик за стипендии за оваа стипендиска програма и на наше задоволство примени беа над 130 апликации. Иако првично беше планирано да бидат доделени 40 стипендии, фондацијата „Атанас Близнакоф„ и семејството, одлучија и оваа година бројот на доделени стипендии да се зголеми, односно да се поддржат 58 апликанти кои се пријавија на овој конкурс.
Во продолжение следи листата на добитници на стипендијата:
Име
Презиме
Град
1
Магбера
Алијевска
Скопје (Шуто Оризари)
2
Елена
Марковска
Битола (Горно Оризари)
3
Румена
Карафилоска
Гостивар
4
Семра
Камберова
Велес (Долно Јаболчиште)
5
Марија
Грујоска
Гостивар (Беловиште)
6
Матеа
Каревска
Куманово
7
Теона
Станковска
Скопје (Петровец)
8
Миле
Георгиев
Валандово (Пирава)
9
Кимет
Далипи
Скопје (Чаир)
10
Анамарија
Митковска
Куманово
11
Леонтина
Вељковиќ
Куманово
12
Елма
Адеми
Скопје (Чаир)
13
Александар
Милков
Кавадарци
14
Филип
Антовски
Скопје (Аеродром)
15
Анамарија
Стојкоска
Кичево
16
Анастасија
Малеска
Струга (с. Мороишта)
17
Емилија
Клечкароска
Струга (с. Мороишта)
18
Лејла
Азири
Скопје (Сарај)
19
Викторија
Сандева
Пробиштип
20
Фатиме
Нуредини
Арачиново (с. Орланци)
21
Бојан
Чаприќ
Кавадарци
22
Јована
Меловска
Скопје (Карпош)
23
Јована
Котеска
Скопје (с. Волково)
24
Бојана
Котеска
Охрид (с. Долно Коњско)
25
Јона
Асани
Боговиње (с. Камењане)
26
Ристе
Брчиоски
Гостивар
27
Летиција
Поповска
Куманово
28
Теодора
Вчковска
Битола
29
Џесика
Арсова
Скопје (Аеродром)
30
Селма
Бајрами
Арачиново
31
Саша
Стојановска
Скопје (Центар)
32
Романа
Филипоска
Тетово
33
Марија
Брајаноска
Скопје (Аеродром)
34
Стефан
Атанасовски Трајковиќ
Велес
35
Аљиме
Абдулаи
Скопје (с. Студеничани)
36
Сара
Митковска
Куманово
37
Александар
Маџоски
Скопје (Карпош)
38
Даниела
Павловска
Скопје (Кисела Вода)
39
Анѓела
Драган
Велес
40
Фатбарда
Бериша
Сарај (с. Рашче)
41
Михаела
Тренчевска
Скопје (Гази Баба)
42
Eрика
Стименовска
Делчево
43
Алек
Мициќ
Куманово
44
Оља
Трајковиќ
Куманово
45
Катерина
Маневска
Охрид
46
Матеј
Момевски
Кратово
47
Фљамур
Лимани
Куманово
48
Анастасија
Милошеска
Струга (с. Драслајца)
49
Милена
Малиновска
Куманово (с. Лопате)
50
Теодора
Атанасовска
Куманово
51
Симона
Тошевска
Куманово
52
Марија
Јованова
Виница
53
Зои
Лазарова
Струмица
54
Милица
Димитриевска
Скопје (Кисела Вода)
55
Ангела
Тодоровска
Куманово
56
Цветанка
Каракулева
Кавадарци
57
Леонтина
Николовска
Куманово
58
Илка
Бакиу
Скопје (Бутел)
Правото на користење на стипендија започнува откако избраните апликанти ќе достават потврда за редовен студент запишан/а во прва година на прв циклус на академски студии на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2023/2024 година.
Дистрибуцијата на стипендиите ќе се реализира преку „Атанас Близнакоф“ фондацијата при УКИМ.
Македонија2025 ќе остане партнер на фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД и во иднина, и тоа преку процесот на активно следење на успесите на стипендистите и нивното право за продолжување на стипендијата.
Им честитаме на сите добитници и им посакуваме да ја искористат оваа неверојатна поддршка да ги остварат своите соништа, да се усовршуваат и посветат на студиите и да го отклучат светот на можности и професионален раст и развој!