Димитар Џорлев е стипендист на Фондот за талентирани студенти „Таленти денес – Лидери утре“ на Македонија2025. Во периодот 16-17 август 2020 учествуваше на финалето на седмиот турнир по математика „Математика без граници” на кој учествуваа учесници од 19 држави од целиот свет и ги освои највисоките награди.
- Златен медал во категоријата средношколци
- Шампион на целиот турнир и златна купа за најдобар натпреварувач на турнир
- Математичка звезда на турнирот (Math Star)
Пред финалето имаше три рунди есенска, зимска и пролетна на кои Димитар освои 3 златни медали. Ова е неговото трето учество на финалето на турнирот и секоја година учествува во највисоката категорија. Линк до веб-сајтот на натпреварот: www.mathematicalmail.com
На 15 август 2020 се одржа и Државниот натпревар по математика за средношколци на кој освои втора награда и се пласираше на Македонската Математичка Олимпијада 2020.
На 15 септември 2020 на Природно-математичкиот Факултет во Скопје се одржа селекциониот натпревар за Втората Балканска Олимпијада по Физика и со покажаниот резултат беше избран да ја претставува Македонија на оваа олимпијада што ќе се одржи на 24 октомври 2020 во Крајова, Романија. Линк до веб-сајтот на Балканската Олимипјада: www.balkanphysicsunion.info
Браво Димитар! Ти посакуваме уште многу успеси!