Член на Советот на експерти на Македонија2025 и основач на „паметната палма“ (“Smart Palm”) – Виктор Нелепа, ќе одржи мотивациско предавање за време на Менторскиот настан за „О2 предизвик 2 – Справување со климатски промени“, кој ќе се одржи на 15 март 2020, во Seavus Accelerator Skopje
Виктор Нелепа e главeн извршен директор на „D-idea Media”, компанија која помага во развојот на Дубаи како паметен град и придонесува за напредокот на технолошката и маркетинг индустријата воопшто, ќе биде дел од Менторскиот настан за „О2 предизвик 2 – Справување со климатски промени“, каде пред присутните ќе одржи мотивациско предавање.
Нелепа е Македонец по потекло кој својата кариера ја започнал како меѓународен транспортен менаџер за германска компанија за набавка на прехранбени производи (Supreme). Во 2006-та година ја напушта Supreme и ја отвора своја авио-компанија „PME international“, со партнерот Кент Џенкинс. Закупиле хеликоптер и со него вршеле транспорт низ целиот свет, од Папуа Нова Гвинеја до Перу, а под нивна закрила бил и најголемиот транспортен хеликоптер MI26 за Австралиските одбранбени сили.
„По 10 години работење и огромниот стрес што доаѓа од водењето на широко распространет бизнис од таков обем, решив да се насочам кон нецелосно искористениот потенцијал на пазарот на паметната технологија. „D-idea Media“ и „Smart Palm Project“ ги основав за да помогнам во развојот на Дубаи како паметен град и да придонесам за напредокот на технолошката и маркетинг индустријата воопшто“, вели Нелепа.
Концептот „паметна палма“ („Smart Palm“) претставува самоодржлива, модерена „палма“ за наполнување, со комплементарен безжичен пристап до Интернет, која е навистина лесна за користење. Дизјанот е изработен со намера да се подобри јавниот пристап до паметните технологии, кои озвозможуваат брза и лесна достапност до информации за сите, истовремено применувајќи ја културата на одржливост. Во склоп на паметните палми има информативни екрани на допир, рутери за безжичен интернет, прекинувачи за полнење телефони, простор за рекламни банери, како и дел за удобно седење на корисниците. Паметните палми исто така имаат опција за брендирање, при што компаниите може да одлучат дали целата палма ќе биде прилагодена кон дизајнот на нивниот производ и брендирана со нивното лого.
Бидете дел од мотивациското предавање на Виктор Нелепа! Менторскиот настан за „О2 предизвик 2 – Справување со климатски промени“ ќе се одржи на 15 март 2020 година во Seavus Accelerator Skopje.
Повеќе информации за настанот ТУКА.
Прелиминарната агенда за настанот можете да ја видите ТУКА.
За регистрација на настанот Ве молиме да го пополните формуларот ТУКА. (најдоцна до 13 март 2020 година)
Целосниот јавен повик за „О2 предизвик 2 – Справување со климатски промени“ е достапен на следниот линк ОВДЕ.