Постои голем јаз меѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд, бидејќи само 12 од 100 студенти кои се запишале на факултет ќе најдат работа согласно своите вештини и знаење. За надминување на ваквите состојби се потребни промени во образовниот систем, мерки, практично учење и воведување на работникот во работата, а не само доведување до работно место. Потребно е и балансирање на интересите на вработените и работодавачите, како услов за создавање на нова додадена вредност.
Ова се дел од пораките на учесниците на денешната прва сесија од вториот циклус на Работната група 2 (Социјална политика и вработување – Поглавје 19) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија (НКЕУ-МК) на тема „Перформансите на пазарот на трудот: меѓу очекувањата на работодавачите и на барателите на работа (вработените)“, на која учествуваше и Главниот извршен директор на Македонија2025, проф. д-р. Никица Мојсоска Блажевски. Презентацијата од нејзиното излагање е достапна ОВДЕ.
Целосниот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.