Со Олга Рајчиќ, Менаџер за производство во „Рудници Бањани АД Скопје“ зборувавме за нејзиното искуство во склоп на Битов-програмата за претприемачи во соработка со CESO SACO и Македонија2025
Како Македонија2025 преку Битов-програмата за претприемачи ви помогна во развивањето на идејата и работењето на бизнисот?
Олга Рајчиќ: Битов-програмата за претприемачи во соработка со CESO SACO и Македонија2025 на сите локални бизниси им нуди една поинаква можност за развој и надоградба на бизнисите. Можноста десет дена да имате надворешен експерт од Канада е големо освежување бидејќи носи нова енергија и идеи во самата компанија. Иако на почетокот дел од менаџерскиот тим сметаа дека нема да има воочливи придобивки, сега се докажа споротивното, бидејќи моментално сме во фаза на имплементација на практики во сегментот за човечки ресурси, кои порано не биле предмет на разгледување. Оваа програма е одлична можност за компаниите кои сакаат да направат евалуација на својата работа, како и оние кои сакаат да ја донесат компанијата на следно ниво. Ние како компанија сметаме дека доколку ни се укаже друга можност за ваква програма во иднина, без размислување би земале учество, затоа што секое надворешно мислење и искуство, е голем плус за секоја компанија. Токму затоа оваа соработка е светла точка во моменталниот бизнис еко-систем.
Накратко кажете ни за најголемите придобивки од Битов-програмата за претприемачи во работата на компанијата.
Олга Рајчиќ: Финалниот резултат од програмата беше создавање на стратегиски документ во која насока би можела да расте и да се развива нашата компанија. Дополнително работевме на проект за тоа како може да го надоградуваме брендот, кој воедно ќе ни донесе поинаква конкурентска предност на пазарот. Со помош на „brainstorm“ сесии изнајдовме следни чекори како нашата компанија може да работи на задржување и привлекување на млади луѓе во компанијата, и сфативме дека воведување на иновативни практики во сегментот за човечки ресурси е важен елемент за понатамошното работење.
Зошто и други македонски компании треба да се пријават на Битов-програмата за претприемачи?
Олга Рајчиќ: Независно кои се вашите цели како компанија, дали сте сконцентрирани на развој/раст на домашниот или пак на меѓународниот пазар, оваа програма ќе Ви ги отвори хоризонтите за работите кои не можете сами да ги воочите внатре во Вашите компании. Иако многу често сите менаџери и сопственици сметаат дека најдобро ги знаат проблемите и најсилните страни внатре во компанијата, сепак надоврешен експерт Ви носи едно поинакво гледиште и Ви помага да спроведете практики кои сте мислеле дека не можат никогаш да се спроведат. Најважното нешто од оваа програма е дека независно во која индустрија или пак држава работите, сите компании се соочуваат со слични, понекогаш исти проблеми. Токму затоа се потребни различни искуства и мислења за да може да излеземе од статус-кво и да воведеме промени.
Ги охрабруваме сите микро, мали и средни компании да аплицираат на Битов-програмата за претприемачи во соработка со CESO SACO.
Повикот е континуирано отворен во текот на целата година и е достапен на следниот линк ОВДЕ.
За повеќе информации контактирајте нѐ на office@macedonia2025.com или gordana@macedonia2025.com