Неформалната средба ќе се одржи на 12.02.2020 (среда), со почеток од 17:30 ч., во Intermezzo. На средбата, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да добијат одговор на сите прашања поврзани со програмата и начинот на аплицирање, од страна на некои од поранешните учесници.
Во тек е отворениот повик за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог-школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД.
Со цел подобро запознавање со програмата, сите заинтересирани кандидати се поканети да присуствуваат на неформална средба и дружење со некои од поранешните учесници на истата, кои со нив ќе споделат информации за своето искуство, начинот на аплицирање и сите придобивки кои можат да ги очекуваат. Неформалната средба ќе се одржи на 12.02.2020 (среда), со почеток од 17:30 ч., во Intermezzo.
Програмата ги усовршува вештините и работењето на македонските менаџери, а со тоа придонесува за понатамошен развој на македонската економија и работна сила. Отворениот повик и информациите за програмата се достапни на следниот линк ОВДЕ.
Доколку сакате да присуствувате на средбата, контактирајте нè на office@macedonia2025.com и nena@macedonia2025.com.
Ве очекуваме!