Организација со јасна мисија и визија, одлични програми и проекти, организациска структура, извондреден тим и тимска работа се само дел од многуте карактеристики на Македонија 2025. Во моето девет месечно искуство како практикант во Македонија 2025, имав прилика да работам и да бидам дел од сите програми и проекти на организацијата, кои имаат директен или индиректен придонес кон едукативниот и економскиот развој на земјата.
Македонија 2025 е организација со широка мрежа на успешни македонски бизнис индивидуалци, како од домашната така и од странската бизнис сфера, кои на различни начини придонесуваат за развој на сите сегменти во Македонија.
Мојот прв ден како практикант во Македонија2025 започна паралелно и со почетокот на Тhe LEADER Project, одличен проект кој преку различни предавања, интерактивни работилници за развивање на бизнис идеа и бизнис стратегија, иновации, брендинг и други активности, младите професионалци и претприемачи од Македонија имаат прилика да разменат искуства и знаења со професионалци од реномираниот канадски Richard Ivey Business School. Македонија како земја во развој има дефинитивно потреба од вакви програми и треба да биде во константен тек со промените на ова динамично општество и да се развива претприемачката култура.
Како проект кој ми оставил најголем впечаток, тоа секако е Самитот 2016. Огромна чест и задоволство е да се биде дел од организациски тим на настан каде што има предавања на професионалци од светски компании како Гурудут Банавар-потпретседател на IBM Watson Research Center кој е еден од главните луѓе во моментов за развојот на “вештачката интелегенција”, исто така и од European Space Agency, предавања кои се реткост во Македонија. Главната тематика на Самитот беше “зелената” енергија, тематика која е доста актуелна во светот а воедно и во Македонија, се зборуваше и се презентираа идејни решенија на претставници од различни земји од светот за тоа како да се намали загаденоста во градовите и користење на фосилните горива и употреба на природната енергија. Тука би го потенцирал предавањето на Карина Барнхолт Клепер која е советник во Nordic Energy Research и претставник на една од најчистите земји во светот, Норвешка. Самитот е одлична прилика за да ја проширите вашата мрежа на контакти и да запознаете успешни луѓе од различни бизнис сфери.
-Last but not least, би сакал да им се заблагодарам на членовите на Тимот на Македонија 2025 во Скопје, особено на мојата менторка Јорданка Кацарска, за извонредната прилика да бидам дел од оваа организација, тим без кој не би можело да се замисли функционирањето на Македонија2025 и сите горенаведени проекти не би биле толку успешни како што се. Комуникацијата, посветеноста, дружењето, тимскиот дух и секако напорната работа со тимот ми помогнаа во мојот развој како на професионално така и на персонално ниво.
Без разлика каков е вашиот академски профил, Македонија 2025 нуди одлични можности за развој на вашите вештини и на вашата кариера и доколку има отворен повик, аплицирајте и бидете дел од мрежата на организацијата.
Филип Трајков