Микро, мали и средни компании имаат шанса да добијат врвно менторство од познати канадски консултанти
Што претставува Програмата за претприемачи-Битов?
Програмата за претприемачи-Битов, е основана во соработка со CESO SACO (Canadian Executive Service Organization). СЕЅО SACO е канадска организација со 50 годишнo искуство во областа на меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор и на зацврстување на структурите кои ги поттикнуваат економските и општествените промени на локално, национално и меѓународно ниво.
Македонија2025 има заедничка мисија со СЕЅО SACO, да влијае на подобрување и зајакнување на конкурентноста на македонските компании. Консултантите се професионалци со богати достигнувања и ќе работат на конкретни предизвици со кои македонските компании секојдневно се соочуваат. Тие, според својата експертиза ќе бидат поврзани со одредена компанија и во времетраење од две недели, преку обуки и менторство, ќе ги пренесат најдобрите бизнис алатки, процеси и системи за подобрување на организациските, производствените, аналитичките и маркетиншките процеси на компаниите.
Главните сектори кои ги опфаќаат консултантите вклучуваат: финансии, туризам и угостителство, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, преработка на храна итн.
Што обезбедува Македонија2025?
Во склоп на програмата, Македонија2025 ја обезбедува тарифата на консултантот, како и трошоците за виза, пат и осигурување. Исто така, организацијата спроведува евалуација на апликациите, водење на целиот процес на селекција, закажување интервјуа со интернационална комисија и претставници од СЕЅО SACO.
Што треба да обезбеди компанијата?
Претставници на организацијата континуирано ја следат соработката помеѓу консултантите и компаниите, додека на самите компании останува да обезбедат:
- Сместување;
- Оброци или дневници;
- Транспорт од/ до аеродром за консултантот;
- Локален транспорт (доколку е потребно);
- Kомпаниите дополнително можат да се погрижат за викендите и слободното време на консултантот.
Кој може да се пријави?
Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:
- Минимум една година од постоење на компанијата;
- Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;
- Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;
- Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;
- Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);
- Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании;
- По можност да работат во следните дејности: финансии, туризам и угостителство, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, преработка на храна итн.
*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.
Како да се пријавите?
Сите заинтересирани компании, треба да ги испратат следните документи на Гордана Клинчарова – gordana@macedonia2025.com:
- Пополнета апликација на англиски јазик, која може да ја симнете тука;
- Краток опис на вашата компанија, како и за тоа зошто ви е потребен консултант (на англиски јазик);
- Дополнителни документи, брошури или каталози за компанијата се добредојдени.
Компании кои досега учествуваа на Програмата за претприемачи-Битов:
- Inellipse Software Solutions, Битола
- Web Factory, Скопје
- Evrosimovski Consulting, Скопје
- Специјал, Скопје
- Семос Едукација, Скопје
- Имако Вино, Штип
- Рептил маркети, Скопје
- Intertec.io, Скопје
- iSource, Битола
- Adeva, Скопје
- Рудници Бањани, Скопје
- Marand Consulting, Скопје
Повикот е континуирано отворен за аплицирање во текот на целата година.
За повеќе информации пишете ни на gordana@macedonia2025.com или јавете се на +389 (0) 2 316 1015.