Активностите на бизнис ангелите се забележуваат во последните години во С.Македонија. Покрај тоа што постојат на хартија (првата мрежа се појавила во 2011 год.), имаат и реализирани инвестиции во стартап кoмпании во државата.
Бизнис ангели се богати поединци кои го инвестираат своето лично стекнато богатство во стартап компании. Тие ги инвестираат своите пари во повеќе стартап компании, а за возврат се стекнуваат со капитал. Бидејќи стартап компаниите се познати по нивниот потенцијал за брз развој, но исто така, и по правилoто на „брз пад“, бизнис ангелите „играат лотарија“.
Штoм ќе започнат со давање паметни пари „smart money“ (споделување врски, знаење, менторство, итн.), бизнис ангелите ги зајакнуваат своите можности за успешна инвестиција. Ако стартап компанијата е успешна, за земениот удел, бизнис ангелите може повеќекратно да го зголемат повратот на инвестираните пари. Успехот на една стартап компанија може да ги врати на инвеститорот сите инвестирани пари, вклучувајќи ги и инвестициите во сите други стартап компании кои не успеале.
Целосното истражување „Инвестиции од бизнис ангели: Законска и финансиска анализа“ од Дејан Алексов, Ко-основач и Претседател на Startup Macedonia, можете да го прочитате на следниот линк ОВДЕ.