Македонија2025, Центарот за развој на нови бизниси при Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Бирото за развој на образование и Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) го организираа натпреварот „Најдобар бизнис концепт – 2019“ за гимназиите и средните стручни училишта на државно ниво. Пред повеќе од 100 присутни, финалниот натпревар успешно се одржа на 13-ти ноември 2019, во склоп на Самитот Македонија2025 во хотел Мериот – Скопје.
На финалниот натпревар му претходеа повеќе активности како информативна сесија за наставници и ученици пред поднесувањето на апликации, прием на електронски апликации, како и одржување на полуфинален натпревар на Машинскиот факултет во Скопје. За време на финалниот натпревар, учениците на интересен начин ги претставија своите проекти, а нивниот огромен труд беше соодветно препознаен од страна на жири-комисијата, по што беа соопштени и првонаградените тимови.
Според тоа, првото место го освои тимот „Voices“ од СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје. Тимот е составен од учениците: Ренато Трајковски, Калина Чаповска, Амир Шкриељ, Дамјан Николовски и менторите Маја Акимовска Петровска и Виолета Спасеска Китановиќ.
Второто место го освои тимот „1CLICK“ од СУГС „Орце Николов“ од Скопје. Тимот е составен од учениците: Алек Пачемски, Павле Поленаковиќ, Андреј Николиќ, Јана Депиновска и менторот Павлина Пецанова Штерјовски.
Два тима го поделија третото место. Едниот тим кој го освои третото место е „FADL“ од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје. Тимот е составен од учениците: Дамјан Алексовски, Филип Чорбески, Александар Илчески, Леон Костов и менторот Лидија Стојчева.
Вториот тим кој го освои третото место е SBF ( Solar Bag for Future) од СОУ„Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. Тимот е составен од учениците: Душко Јанев, Дамјан Сепетовски, Никола Биков, Пепица Јованова и менторите Марија Танева и Јасмина Мицева.
Веруваме дека овие бизнис идеи ќе прераснат во успешни приказни. Искрени честитки до сите и уште многу успеси во иднина!