Филип Тодосов, стипендист на Македонија2025, матурант во средното училиште „Орце Николов“ во Скопје и најмладиот Full Stack Web Developer во Македонија, продолжува да реди успеси! Веднаш по самото добивање на стипендијата, Филип ја заврши академијата за програмирање Code Academy и ја започна тримесечната пракса во реномираната ИТ компанија CodeDesk.
„Таму имав прилика не само да работам на вистински проект што моментално е пред launch, туку и да видам како изгледа една здрава работна околина исполнета со ведра атмосфера и прекрасни луѓе коишто ме прифатија да бидам дел од нивниот тим за овој период и несебично ги споделуваа своите знаења и искуства од својата стручна област.“ – раскажува Филип за своето искуство во CodeDesk.
Што се однесува до неговите идни планови, Филип за сега планира да работи од дома, а по матурата да се запише на Факултетот за компјутерски науки со цел да си го исполни сонот да работи за некоја голема корпорација како „Apple“, а потоа и да основа своја компанија или да пласира свој продукт.
Ти посакуваме се` најдобро, Филип, се гордееме со твоите успеси!