Плоден, искрен и содржаен состанок меѓу извршната директорка на Македонија2025, Никица Мојсоска Блажевски и заменик министерот за економија, Кирил Колемишевски. Отворивме теми кои ќе ни бидат во заеднички фокус во наредниот период. Инвестициите, едукативните програми и тесна соработка со македонските start-up компании, заслужуваат соодветна посветеност од државата и од македонската дијаспора. Редовната комуникација и координирање на активностите ќе придонесат иселениците активно да се вклучат во македонската економија, а во исто време ќе добиеме сериозни лоби партнери на сите страни на светот. Посебно ми е драго што се адресираше и прашањето за женското претприемништво, тема која ќе добие посебно внимание од двете страни.