Дали можете да се сетите како ја донесовте одлуката да одберете образование/кариера во технологија/СТЕМ? Какви беа вашите почетоци, што и кој ве мотивираше или инспирираше да покрај кариерната одлука да бидете професор се занимавате и со апликација на технологијата во молекуларната храна?
Ова се само дел од прашањата за кои разговаравме со Јана Клопчевска, продекан за настава на Технолошко-металуршкиот факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје за време на инспиративниот подкаст во рамки на кампањата „СТЕМувај како девојка„, дел од програмата за поддршка на жените во СТЕМ.