На 11-ти декември (среда), во неформална атмосфера, Македонија2025 организираше свечен „Ручек со спонзорите“, во знак на нивната континуирана и плодна поддршка во реализацијата на годинешниот Самит Македонија2025, но и други активности на организацијата во текот на изминатата година. Уште еднаш би сакале да ја изразиме нашата искрена благодарност. Навистина ја цениме исклучителната соработка.
Се надеваме на уште многу успеси во иднина, на патот кон заедничкиот напредок.