Во пресрет на отпочнувањето на 8-от Самит Македонија 2025, минатата недела во Скопје, претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески и претседателот на Одборот на директори на “Македонија 2025“ Вера Ставроф, потпишаа Меморандум за соработка со цел зацврстување на деловната комуникација меѓу македонската бизнис заедница и македонската бизнис дијаспора.
Целта на Меморандумот е со заеднички активности на двете институции преку разни форми на соработка, да ги потпомогнат домашните компании да остваруваат подобри перформанси, што во крајна линија ќе придонесе за забрзување на растот на македонската економија и развој на македонското општество. Со потпишувањето на меморандумот се предвидува размена на информации и активности за олеснување на бизнис соработката помеѓу членки на Комората и странски компании, вклучително и чекори за зголемување на извозно-увозните активности; организирање на трибини, презентации, семинари, обуки, конференции кои се од взаемен интерес а се наменети за различни целни групи; трансфер на знаења преку различни форми на едукација како и организирање и спроведување на заеднички истражувачки проекти.
Прочитајте го целосниот текст ОВДЕ.