Основната функција или мисија на Македонија 2025 е да го поддржи развојот на компаниите и земјата, а не да инвестира директно во бизнисите. Досега сме вложиле околу 3 милиони долари во програми за поддршка на бизнисите. Покрај директна поддршка, во смисла на експертска помош, сме организирале многубројни настани низ светот за поврзување на македонските бизниси со странски, трговски мисии, бизнис форуми итн. Имаме вложено околу 1 милион долари во поддршка на лидерски развој, сметајќи дека добрите бизнис лидери ќе доведат до повисок раст на компаниите, но и ќе го направат општеството подобро.На пример, програмата – Зафировски, во соработка со врвната Келог, школата за менаџмент, преку која македонски извршни директори одат на усовршување во САД. Покрај тоа, одредени членови на Одборот инвестирале во бизниси во Македонија, некои имаат отворено и свој бизнис, а секако дека сме помогнале на многу бизниси да најдат свои партнери и/или инвеститори, вели НИКИЦА МОЈСОСКА-БЛАЖЕВСКИ, главен извршен директор на Македонија 2025, во интервју за весникот „ВЕЧЕР“.
Целосното интервју е достапно на следниот линк.