Ана Наумоска, стипендистка на Македонија2025 и талент по хемија и биологија, продолжува да реди успеси на повеќе полиња! Откако ја доби стипендијата од Фондот за талентирани средношколци и студенти „Таленти денес – лидери утре“, таа учествуваше на Образовното рандеву – Младинска Асоцијација на Средните Стручни училишта во Македонија – МАССУМ како претставник на нејзиното училиште на натпреварот „Интервју за работа“, каде го освои максималниот број на поени (1000/1000) и првото место.
„Ова натпреварување за мене беше од голема важност бидејќи ми даде можност да ги презентирам сите мои квалификации, успеси и постигнувања пред стручното жири кое беше сочинето од професори од Универзитетот ФОН.“ – вели Ана за нејзиното искуство на овој натпревар.
А, по завршувањето на подготовките за натпреварот и учеството на него, беше ангажирана во реализацијата на идејното решение за намалување на аерозагадувањето „Sunny Bench“, кое претходно заедно со нејзиниот тим го презентираа на натпреварот за социјално претприемништво Upshift во покровителство на Фондот за иновации и технолошки развој – ФИТР.
Ти посакуваме многу успеси понатаму Ана, само продолжи вака!