Donate
X

Upcoming Activities

Toronto Executive Study Tour

June 10, 2019 8:00 am

Let's Be Friends

Monthly Archives

April 2019

Една целосна и две половични стипендии за Проектен менаџмент на Руската претседателска академија РАНЕПА

By | Announcements | No Comments

Руската претседателска академија РАНЕПА доделува три стипендии за македонски студенти за мастер програмата Project Management која се одвива на англиски јазик. Ќе бидат доделени една целосна и две половични стипендии.

Целокупната двегодишна програма изнесува 15 000 долари, при што оние кои добиваат 50% стипендија, школарината би ги чинела 7 500 долари, кои можат да се плаќаат и семестрално.

Потребни документи за аплицирање во првичната фаза се:

  • Кратка биографија;
  • Мотивациско писмо;
  • TOEFL (или друг релевантен сертификат за познавање на англиски јазик);
  • Препораки.

Кандидатите кои ќе го поминат првичниот процес на селекција, ќе добијат информации за останатите потребни документи при понатамошниот процес на аплицирање.

Понудените стипендии ја покриваат само школарината. Ве молиме имајте предвид дека Руската претседателска академија РАНЕПА нуди можност за сместување во кампусот, при што за добитникот на целосната стипендија трошокот ќе изнесува околу 30 долари месечно, а за добитниците на половични стипендии трошокот ќе изнесува околу 200 долари месечно.

Потребните документи испратете ги на office@macedonia2025.com, најдоцна до 27.04.2019 со назнака „Апликација за стипендија – РАНЕПА“.

Повеќе информации за програмата на официјалната веб-страна ОВДЕ.