Donate
X

Upcoming Activities

Toronto Executive Study Tour

June 10, 2019 8:00 am

Let's Be Friends

Македонија2025 организира панел-дискусија за зајакнување на женското претприемништво

By Monday January 28th, 2019Announcements

Меѓународната невладина организација Македонија2025, со особено задоволство Ве поканува на панел-дискусијата насловена „Жени-претприемачи и канадски експерти: Менторство, развој и одржливост“, која ќе се одржи во DoubleTree by Hilton – Скопје, на 31-ви јануари, од 11:00 до 13:00 часот.

„На настанот присутните ќе дискутираат за искуствата и најдобрите практики поврзани со женското претприемништво во Канада и Македонија, најголемите предизвици со кои се соочуваат македонските жени-претприемачи, но и за нивната соработка со назначените ментори од Канадската организација за извршни услуги – CESO SACO, во насока на засилени организациски капацитети и поголема самоодржливост.“ – велат организаторите.

Меѓу клучните говорници на панел-дискусијата, со гордост ги најавуваме: Н.Е. Кати Чаба – Амбасадор на Канада во Србија, Македонија и Црна Гора; Џенифер Лавуа – Советник на CESO SACO од Канада, како и претставнички на неколку реномирани женски организации од Македонија.

Панел-дискусијата се организира во рамки на проектот финансиран од Канадскиот фонд за локални иницијативи, поддржан од Амбасадата на Канада во Република Македонија, а во насока на зајакнување на женското претприемништво и родовата еднаквост во Македонија.

Настанот е од отворен карактер и сите заинтересирани за темата може да присуствуваат.

Go back