Во неформална атмосфера, вчера Македонија2025 одржа брифинг за новинари. На брифингот беа претставени стратешките цели и идните планови на организацијата, а во фокусот беше и претстојното осмо издание на Самитот Македонија2025.
Иднината на работните места и справувањето со загадувањето на воздухот ќе бидат централни теми на годинашниот самит на Македонија 2025, како што најави главната извршна директорка на организацијата, во склоп на синоќешната средба со новинарите во винарницата „Шато Сопот“. Самитот ќе се одржи во хотел Мериот од 13 до 15 ноември во хотел Мериот – Скопје.
Огромна благодарност до нашиот комуникациски партнер Image PR.