Почитувани,
Би сакале да Ве известиме дека со оглед на новонастанатата ситуација со Ковид-19, во склоп на отворениот повик за стипендирање на десет средношколци/студенти, направивме прилагодувања во секцијата „Начин на аплицирање“. Апликацијата ќе биде прифатена, доколку во моментов не можете да ги обезбедите следните документи:
- Потврда за редовен ученик/ студент и потврда за просек/ успех;
- Релевантни документи за приказ на месечниот финансиски приход во семејството;
- Препораки од професори/релевантни институции или индивидуи (можат да бидат само со потпис).
Овие документи ќе имате можност да ги доставите дополнително кон апликацијата, по нормализирање на ситуацијата.
Ве потсетуваме дека крајниот рок за испраќање на документите е 10.04.2020 и треба да ги доставите електронски на office@macedonia2025.com.
Целосниот повик е достапен ОВДЕ.
Ги очекуваме Вашите апликации!
Со почит,
Македонија2025