News
Секоја голема идеја започнува со едно мало прашање.
Во рамки на промотивната кампања „Наука за иднината“, реализирана со поддршка на Џонсон Мети програмата за влијаниена на заедницата, ја споделуваме инспиративната порака на Љупчо Лазаровски, наставник по математика и физика во ООУ „Кочо Рацин“ од Кратово.
Преку својата мотивациска порака, тој ги охрабрува учениците да ја прифатат љубопитноста како почетна точка за секое откритие: “Секоја голема идеја започнува со едно мало прашање. Ако сакаш да учиш како работи светот околу тебе, науката е твојот пат. Учи, истражувај и создавај ја иднината!„
Како наставник по математика и физика, Љупчо секојдневно им покажува на учениците дека науката не е само збир од формули и правила, туку алатка за разбирање на светот, за логично размислување и за создавање нови идеи. Преку поставување прашања, решавање проблеми и истражување на законитостите во природата, учениците учат како да размислуваат критички и самоуверено.
Љупчо Лазаровски е дел од мрежата на посветени наставници кои преку „Наука за иднината“ ги мотивираат младите умови да учат со љубопитност, да истражуваат со храброст и да ја градат иднината преку знаење.
———————-
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика. Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК.
Повеќе за промотивната кампања “НАУКА ЗА ИДНИНАТА„
Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!
Кампањата е имплементирана во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата “Науката и јас„.
Повеќе за проектот во Македонија2025 “Науката и јас„ и за самата глобална иницијатива на Џонсон Мети тука.
Related News