Стратешко партнерство за личен и професионален развој

News

Македонија2025 потпиша Меморандум за соработка со АЛТЕРНАТИВА ГРУПАЦИЈА, со цел воспоставување долгорочна рамка за заеднички активности насочени кон личниот и професионалниот развој на младите и учесниците во програмите.

АЛТЕРНАТИВА ГРУПАЦИЈА работи на зајакнување на поединците и општеството преку споделено знаење, алтернативни вештини и решенија, со особен фокус на превенција и промоција на менталното здравје преку културно прилагодена едукација, терапија и истражување.

Во рамки на соработката ќе се реализираат:

  • Обезбедување услови и пронаоѓање можности за реализација на обуки, тренинзи, курсеви, академии и други сродни активности наменети за учесници од различни демографски структури;
  • Менторство, практична работа и стажирање како дел од структурирана поддршка за личен и професионален развој;
  • Заеднички проекти и професионални активности согласно европски стандарди, проследени со размена на знаења и системски пристап кон менталното здравје.

Со ова партнерство се зајакнува системската поддршка кон младите, каде менталната благосостојба и професионалниот развој се препознаени како клучни предуслови за долгорочен успех и општествен придонес.