News
Ајде да инспирираме повеќе ученици да ја засакаат НАУКАТА!
Прва во серијалот мотивациски успешни приказни е Јана Клопчевска, вонреден професор на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј„ Скопје.
Таа во својата успешна животна приказна нагласува: “Да се биде жена научник не е лесно но е интересно особено ако се работи дизајнирање на храна или молекуларна гастрономија, максимално исполнува.
Мојата приказна се состои од прехранбен технолог до вонреден професор со работно искуство во Алкалоид АД и Агенција за Храна и ветеринарство, па се до Технолошко-Металуршкиот факултет. Интересен е развојот на мојата кариера и како постдокторант на Парацелзиумс Медицински Универзитет во Салзбург, односно тогаш сваќаш дека ништо не е спонтано, се е работа и само работа на себе.
Приватно мајка на 13 годишен Стефан, интересно дете кое се насочува кон спортот поради сите фамилијарни предиспозиции.
Многу енергија и посветување кон сите работни задачи и предизвици, а особено горда на тоа дека Скопје го претворивме во Биохак град, каде младите луѓе во Отворената Градска лабораторија ќе имаат можност да ги развиваат своите идеи.
Така течеше патот на успехот од храната кон молекуларната гастрономија, истражувања во областа на нови видови на канцер терапии, па се до транформација на биоотпадот за да се зачува нашата животна средина. Вложувајте во себе, секогаш!„
Оваа кампања има за цел да ги мотивира и поттикне учениците од основното образование кон патот за да станат научници кои се во развој или се двоумат.
Животното патување на Јане не е само доказ за нејзината посветеност, туку и инспиративна приказна која може да ја преобликува перцепција на младите луѓе за науката. Нејзините зборови негуваат и ги поттикнат соништа и аспирации кон науката.
Јана сподели мудри зборови и порака до сите млади: “Науката е интересна бидејќи е предизвик. Ја бара целата наша енергија и не води во непозната но интригантна насока. Со младите луѓе треба да се биде соработник и пријател! Несебично да се пренесе знаењето и искуството. Да се стави граница, но и да им се постават целите. Со правилно насочување и мотивирање ќе се очекува од нив исто што и од возрасните соработници. Верувајте ќе се изненадите. Секој ден, не само тие од нас туку учиме и ние од нив!„
Моќта на знаењето
Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.
Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.
Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.
Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“
Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!
Кампањата е имплементирана во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“. Повеќе за проектот „Науката и јас“
Related News