Оглас за вработување: Помлад соработник за Програмата за студентска извонредност „Атанас Близнакоф“

News

Организацијата Македонија2025 е посветена на создавање на просперитетна економска клима во Република Македонија која ќе ги подобри можностите за граѓаните, домашните компании и странските инвеститори. Промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството.

Поради остварување на нашата мисија, бараме високо мотивирани, амбициозни и талентирани лица.

Опис на позицијата:

Како помлад соработник, ќе бидете вклучени во планирање, спроведување и унапредување на програмата „Атанас Близнакоф“ за студентска извонредност, како и во други образовни и развојни програми на Македонија2025.

Вашите работни обврски ќе вклучуваат:

  • Координација и спроведување на програмата согласно годишниот план на организацијата;
  • Администрирање и работа на онлајн платформа, проверка на податоци и документација на апликанти за стипендија и тековни стипендисти;
  • Писмена и усна комуникација со студенти, соработници и други засегнати страни;
  • Учество во развој и имплементација на програми за менторство, пракса и други образовни активности;
  • Подготовка на годишни, месечни и неделни извештаи и планови за работа, со предлози за унапредување на програмите;
  • Организација и координација на настани, тренинзи и работилници;
  • Креирање и објавување содржини за социјални медиуми и официјалната веб-страница на организацијата;
  • Поддршка и учество во други проекти на Македонија2025;
  • Административна и организациска поддршка на тимот и Одборот на директори;
  • Извршување други задачи согласно потребите и планот за работа на организацијата.

Услови за работа:

  • Полно работно време (40 часа неделно) со работно место во Скопје;
  • Почетен пробен ангажман od 3 meseci со соодветна обука;
  • По завршување на пробниот период – договор на определено време со можност за продолжување и вработување на неопределено време;
  • Почетна плата од 30.000 денари нето;
  • Годишна евалуација на работата врз основа на однапред утврдени цели, со можност за зголемување на платата и/или бонус според постигнатите резултати.

Квалификации и вештини:

  • Апсолвент или завршени додипломски/ магистерски студии (по можност од општествени науки);
  • Одлични комуникациски вештини и високо ниво на говорен и пишан англиски јазик;
  • Напредно познавање на Microsoft Office (особено Word и Excel), Google Workspace, Canva и слични алатки;
  • Аналитичност, прецизност и внимание на детали;
  • Способност за работа на повеќе задачи истовремено и почитување на рокови;
  • Креативност, самоиницијатива и желба за постојано учење и професионален развој;
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа;
  • Познавање и идентификација со мисијата и вредностите на Македонија2025.

Што нудиме:

  • Работа во професионална, динамична и мотивирачка средина;
  • Можност за личен и професионален развој и стекнување практично искуство;
  • Вклученост во програми и проекти со значајно општествено влијание;
  • Можност за вмрежување со експерти, ментори и лидери од земјата и странство.

Рок и начин на пријавување:

Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават следните документи по електронски пат на careers@macedonia2025.com

  • Професионална биографија (CV);
  • Мотивациско писмо на англиски јазик (најмногу една страница);
  • Референци од претходни работодавачи (доколку ги имаат, незадолжително).

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју. Работно време е од 08:00/09:00 до 16:00/17:00 часот, од понеделник до петок. 

Почеток на работниот однос: 1 јуни 2026.

Рокот за доставување на апликациите е 27 април 2026 година.

Приклучувањето кон Македонија2025 како Помлад соработник на образовна програма претставува можност да придонесете кон мисијата на организацијата за поттикнување на образовниот развој и еднакви можности за образование на сите млади луѓе во Македонија.

Напомена: Овој опис на работното место претставува општ преглед на одговорностите и квалификациите и може да биде изменет согласно потребите на Македонија2025.