Николина Тодорова – промотивна кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“

News

Ајде заедно да ги инспирираме идните генерации научници!

Во рамките на нашата кампања, со големо задоволство го продолжуваме серијалот мотивациски успешни приказни, каде ги споделуваме мислите и искуствата на наставници, научници и други поддржувачи на науката кои ја инспирираат следната генерација научници.

Овој пат, ја претставуваме Николина Тодорова, наставник по математика во ООУ „Тошо Арсов“ во Штип. Таа преку својата работа секојдневно ги поттикнува учениците да размислуваат креативно, да се соочуваат со предизвици и да ја откриваат убавината на математиката. Со својот ентузијазам и љубов кон науката, Николина испраќа моќна порака за важноста на истражувањето, знаењето и упорноста: “Знаењето е единствениот код со кој можеме да го продолжиме нашиот поредок. Да истражуваме и да бидеме љубопитни по непознатото. Да се мотивираме да учествуваме во најубавиот подарок на човештвото НАУКАТА!

Многу е важно младите да не бидат скептични кога ќе наидат на проблеми за кои е потребно подолго време на решавање. Да поставиме модел на учење каде ќе има предизвици, љубопитност, фантазија и контрола. Во ера на напредна технологија потребно е сите ние да бидеме вклучени во усовршување на дигиталните алатки кои ќе ги користиме во иднина. Со самиот развој на науката и откривање на нови решенија ќе го направиме светот поубаво место на живеење. Како наставник по математика можам да споделам дека математиката е единственото место во кое вистината и убавината имаат исто значење.„

Моќта на знаењето

Во свет полн со можности, дарот на знаење е највредното богатство што можеме да го подариме на следната генерација. Со приклучувањето кон оваа иницијатива, вие станувате светилник на инспирација за оние кои ќе го носат факелот на науката напред.

Ајде да работиме заедно за да инспирираме, поттикнеме и едуцираме. Да ја разгориме страста за наука во срцата на основците. Вашите зборови би можеле да бидат искрата што го пали огнот на љубопитноста и извонредноста.

Придружете ни се во обликувањето на иднината на науката и младите научници кои ќе ја дефинираат. Заедно, можеме да направиме разлика.

Споделете го и Вие вашиот мотивациски цитат или кратка успешна приказна што го истакнува вашето патување како научник и прикачете ги на посебната форма која се наоѓа на следниот ЛИНК.

Повеќе за промотивната кампања „НАУКА ЗА ИДНИНАТА“

Ви благодариме што сте дел од ова неверојатно патување!

Кампањата е имплементирана во рамки на Johnson Matthey Програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“. Повеќе за проектот „Науката и јас“