News
Ни преставува чест да ја споделиме со вас позитивна “Атанас Близнакоф„ приказна на нашата стипендистка од Атанас Близнакоф програмата за студентска извонредност Менче Салилоска, редовна студентка на студиската програма Општа медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј„ Скопје.
“Стипендијата „Атанас Близнакоф“ значително придонесе во мојот образовен процес, овозможувајќи ми како студент да бидам самостојна и независна. Таа ми отвори многу можности за учество на образовни семинари, работилници, конгреси, и други настани. Стипендијата ја зголеми мојата кохерентност, импулс, мотивираност и елан за постигнување повеќе, а можеби најважно – ми внесе чувство на сигурност во себе.
Би им препорачала на идните стипендисти да бидат неуморно жедни за успех и знаење, и стипендијата да ја користат за добри цели, во активности кои ќе придонесат за нивните достигнувања во текот на образованието.„
Related News