МАКЕДОНИЈА2025 ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО КОП – КОМОРА НА ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

News

Никица Мојсоска Блажевски, Главен извршен директор на Македонија2025 и Претседателот на КОП – Комора на органски производителиДраги Цветковиќ, денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Основната цел на воспоставување на соработка помеѓу Комората на органски производители и Македонија 2025 е зацврстување на врските помеѓу македонската бизнис заедница и македонската бизнис дијаспора. Преку активности од заеднички интерес соработката ќе биде насочена кон остварување подобри перформанси на македонските фирми, што во крајна линија ќе придонесе за забрзување на растот на македонската економија и развој на македонското општество.