Македонија2025 на панелот SKILLS4JUSTICE: Кон одржлив модел на талент-циркулација  

News

На 26 фебруари 2026, на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа панел-дискусијата „Од одлив на кадар до циркулација на таленти: Како заедно да создадеме одржливи решенија“, во рамки на семинарот „Сознанија од четвртиот работен пакет на проектот Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција (SKILLS4JUSTICE)“.

Во фокусот на дискусијата беа прашањата:

  • Како да го задржиме и развиеме човечкиот капитал во време на зголемена мобилност и глобална конкуренција за таленти?
  • Како од предизвикот на одливот на кадар да создадеме можност за одржлив развој?

Нена Манчев ја истакна потребата од премин од индивидуални успешни приказни кон системски и одржливи решенија. Таа нагласи дека одливот на мозоци не е доказ за недостаток на талент, туку за недоволно изградени механизми за апсорпција на знаење. Преку структурирани образовни и лидерски програми, дијаспората може да биде активен партнер во развојот на младите – без нужно физичко враќање.

Во рамки на панелот, проф. д-р Гоце Андреевски сподели лична перспектива за образованието и професионалниот развој во странство. Настапувајќи во лично својство, а како член на Советотавниот совет на Македонија2025, тој потенцираше дека врските со татковината не се губат со заминувањето – напротив, тие можат да се продлабочуваат преку активна соработка и професионално поврзување, менторство и академски ангажман.

Виктор Мизо, исто така настапувајќи во лично својство, а кој е воедно и претседавач на Одбото на директори на организацијава, зборуваше за своето 18-годишно искуство во САД и одлуката да се врати во земјата. Тој посочи дека враќањето е свесна одлука да се вложи стекнатото меѓународно искуство во развојот на домашната економија и деловната култура.

Панелот испрати јасна порака: циркулацијата на таленти не значи сите да се вратат, туку знаењето, искуството и мрежите постојано да се враќаат и вградуваат во развојот на земјата.