Отворен повик за 2 целосни стипендии на Руската претседателска академија (RANEPA)

posted April 24, 2018

Македонија2025 со гордост објавува дека и оваа година, членот на клубот на Амбасадори на Македонија2025 - Никола Ќурчиски, обезбедува 2 стипендии кои целосно ја покриваат школарината за постдипломски студии на Руската претседателска академија за академската 2018 година.

 Постдипломски студии за Глобално лидерство – Master of Science in Global Leadership

Денешните политички предизвици се глобални и меѓусекторски. Потребни се луѓе кои можат да ги водат промените. Потребни се јавни службеници кои го знаат деловниот свет и деловни луѓе кои го познаваат јавниот сектор. Потребни се индивидуи кои можат да ги решат проблемите, но и да управуваат со организациите. Лидери кои имаат национална перспектива и глобална визија.

Тоа е причината што Факултетот за јавни политики во 2018-та, одлучи да лансира нова програма за постдипломски студии за Глобално лидерство (Master of Science in Global Leadership).

За првпат, оваа програма комбинира меѓународни стандарди, познавање на англиски јазик, како и можност за стекнување на двојна диплома во јавниот и приватниот сектор за управување и лидерство.  Студентите имаат можност да специјализираат во MPA (Master in Public Administration) или МBA (Master in Business Administration).

Школарината за оваа двегодишна програма изнесува 900 000 rub / 15 000 USD.

Опционална специјализација* за MPA/ MBA изнесува 200 000 rub / 3400 USD.

Повеќе информации за програмата може да прочитате тука.

* Специјализацијата е по избор на студентот и не е покриена со стипендијата.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Постдипломските програми се наменети за студенти кои имаат диплома за успешно завршени додипломски студии и течно го зборуваат англискиот јазик. Работно искуство се смета за предност.

  • TOEFL (IBT) – 70 (мин.), IELTS- 5.5 (мин.);
  • Доколку кандидатот не поседува резултати од тест по англиски  јазик, нивото на познавање може да биде определено за време на интервјуата;
  • Кандидатите кои поседуваат диплома за завршени додипломски или постдипломски студии на англиски јазик, нема потреба да доставуваат резулатати од TOEFL/IELTS тестови.

Апликацијата треба да содржи:

  • CV (на англиски јазик);
  • Копија од уверение за завршени студии и диплома;
  • Мотивациско писмо (кое објаснува зошто би сакале да студирате на одбраната мастер програма).

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг, ќе бидат повикани на интервју. Дополнително, само на одбраните кандидати на кои ќе им биде доделена стипендија, ќе им биде побарано да пополнат апликациски формулар и да подготват дополнителни документи потребни за добивање виза.

Ве молиме, потребните документи да ги испратите на elena@macedonia2025.com, најдоцна до 9-ти мај.

Кандидатите ќе бидат избрани најдоцна до 14-ти мај.

back